четврток, 4 декември 2025
almak
No Result
View All Result
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
almak
Home Вести

Учениците од Струмица се запознаа со староградската музика и инструменти – проект на Елеуса Фондација

петок, 13 октомври, 2023 | 14:51
in Вести, Струмица

Во месец септември Елеуса Фондација започна со реализација на серија музички работилници во основните и средните училишта во Струмица со цел запознавање на младите со македонскиот фолклор и староградската музика.

Музичките работилници се орджаа во сите основни и средни училишта во Струмица и основното училиште „Кирил и Методиј“ од Дабиле.

„Евидентен беше големиот интерес на учениците за учество на работилницата која беше замислена како еден вид музичко патување од минатото, од времето на византискта империја кога од царските дворови, оваа музика стигнува низ градските сокаци“, велат од Фондација Елеуса.

Во македонскиот мелос, овие византиски напеви заедно со дел од турски и воопшто арапски инструменти заживуваат и на нашите простори и стануваат нераскинлив дел од македонскиот мелос.

„Учениците слушнаа и видоа како звучат и како изгледаат некои традиционални староградски инструменти, како што се канон, ут, потоа македонската тамбура, тарабуката, кларинетот, виолината, а слушнаа и некои познати староградски, чалгиски рефрени кои биле карактеристични и автентични за овие наши простори“, додаваат од Фондацијата.

„Преку работилниците осознаа за врската меѓу културите, кои не познаваат граници, туку дозволуваат сѐ она што е убаво да живее и во местата каде што стигнало. Така посебно нѐ радуваа реакциите кај сите кога ќе ја слушнеа песната „Üsküdar’a gider iken“ на турски јазик, чија мелодија е испеана по текстот „Ој девојче девојче“. Нема да ја заборавиме љубовта со која учениците од ООУ „Маршал Тито“ од Струмица ја побараа и во едно грло ја испееја песната “Македонско девојче“, стои во соопштението,

На работилниците, како што велат од Фондацијата, ја акцентирале и паралелата меѓу битовата нарација и чалгиската музика, која македонскиот народен творец ја оставил во наше наследство.

Од Фондацијата велат дека постои непознавање на македонската староградска музика и мелос.

„Општ беше впечатокот дека, младите многу малку знаат за македонската староградска песна, за лирската и обредната музика. Слободно можеме да речеме дека и воопшто не ја познаваат, не препознавајќи одредени рефрени, кои се симбол или своевиден евергрин на македонската чалгија. Оттаму сметаме, дека и во следниот период, Елеуса Фондација преку вакви активности ќе придонесе за заживување на македонскиот староградски мелос, кој ја претставува другата страна од македонскиот фолклор, каде што влегуваат и народните танци и ора“, децидни се од Елеуса.

Музичките работилници ги работеа проф. Маја Витанова – професор по виолина и музичко образование и Лука Митев – инструменталист на УТ, со дел од членови на Вокално-инструменталниот состав „СТИХИРИ“.

Проектот „Хуманитарен бадникарски концерт 2024“, освен музичко образовниот дел, остава простор за учество и вклучување на младите во завршниот настан на 6 јануари 2024 година, кога ќе се одржи традиционалниот празничен концерт и ќе бидат поделени пакетчиња за сите деца.

Проектот е реализиран преку Програмaта G1 Поддршка на ЛЕР од Буџетот на Општина Струмица за 2023 година.

ShareTweetShare
Previous Post

Младите шахисти Ина, Јован и Мартин се во Египет на Светското шаховско првенство

Next Post

Од Струмица започнаа „Walk and Talk“ настаните за подигнување на свеста за менталното здравје

Related Posts

Градоначалникот Костадинов со реакција по прес конференцијата на министерот Цветан Трипуновски
Вести

Костадинов со реакција на Фејсбук: Наводите за криминал со електричните автобуси се целосно неосновани

четврток, 4 декември, 2025 | 15:50
На 11 септември стартува јавниот градски превоз во Струмица со 10 електрични автобуси
Вести

Кривична пријава за поранешниот градоначалник на Струмица, Костадинов и уште петмина за набавката на електричните автобуси

четврток, 4 декември, 2025 | 15:28
Општина Струмица повторно ги активира урбаните и месните заедници – избрани нови совети и претседатели
Вести

Општина Струмица повторно ги активира урбаните и месните заедници – избрани нови совети и претседатели

четврток, 4 декември, 2025 | 09:05
Општина Струмица: Подмирени сите обврски кон ЈП „Паркиралишта Струмица“
Вести

Внимавајте од тие што ви бараат пари на улица

среда, 3 декември, 2025 | 14:34
Претставата „Осуден(а)“ во Струмица отвори важни прашања за родово базираното насилство
Вести

Претставата „Осуден(а)“ во Струмица отвори важни прашања за родово базираното насилство

вторник, 2 декември, 2025 | 14:57
Ване Митушев именуван за нов директор на ЈСП „Струмица Транспорт“
Вести

Ване Митушев именуван за нов директор на ЈСП „Струмица Транспорт“

вторник, 2 декември, 2025 | 13:53

ТОП ВЕСТИ

Кривична пријава за поранешниот градоначалник на Струмица, Костадинов и уште петмина за набавката на електричните автобуси
Општина Струмица повторно ги активира урбаните и месните заедници – избрани нови совети и претседатели
Методија Пасков именуван за нов шеф на Кабинетот на градоначалникот на општина Струмица

ВЕБ БИЛБОРД

МЛЕКАРА ЈОКА вработува работник во производствен погон МЛЕКАРА ЈОКА вработува работник во производствен погон
МЛЕКАРА ЈОКА вработува откупувач на суровина (млеко) за реон Струмица МЛЕКАРА ЈОКА вработува откупувач на суровина (млеко) за реон Струмица
СЕ ИЗДАВА стан од 80м² на „Ленинова“ спроти паркот над „Риверсофт“ во Струмица СЕ ИЗДАВА стан од 80м² на „Ленинова“ спроти паркот над „Риверсофт“ во Струмица
СЕ ИЗДАВА стан од 50м² во зградата спроти Пожарната СЕ ИЗДАВА стан од 50м² во зградата спроти Пожарната
Хотел „Студио ИН“ Струмица вработува собарка Хотел „Студио ИН“ Струмица вработува собарка
„Power up Avtoservis“ вработува автомеханичар „Power up Avtoservis“ вработува автомеханичар
Cvejo ВРАБОТУВА! Cvejo ВРАБОТУВА!
Бутик од Струмица има потреба од работничка Бутик од Струмица има потреба од работничка
Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови
МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА

ВЕСТИ од Македонија

За студентите објавен е јавниот повик за доделување ваучери во вредност од 15.300 денари за набавка на електронски уреди

Забраната за движење низ шумите продолжена до 30 септември

Онлајн закажување термин за фотографирање за лични документи

НАЈАВА

За четврток, претседателот Никола Маџунков ја закажа третата седница на Советот на општина Струмица
На 3 декември ќе се одржат собири на граѓани за избор на членови на советите на Урбаните и Месните заедници во општина Струмица
Денеска во Струмица – Панел дискусија: „Магијата на создавање храбри, мислечки и сочувствителни личности“ на МОН
Струмица го очекува 13. Фестивал на Источно црковно пеење – сабота, 22 ноември
MOVEMBER во Струмица: Едукативна трибина за машкото здравје на 20 ноември

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist