Под влијание на циклонска активност денеска ќе има врнежи од дожд, кои попладне и во текот на ноќта на повеќе места ќе бидат поројни и обилни (над 30 л/м2). Во југоисточните делови врнежите ќе бидат проследени со грмежи. На планините и на некои повисоки места во западните делови врнежите до крајот на денот ќе преминат во снег и ќе се формира нова снежна покривка.
Утре претпладне ќе има локални врнежи, но ќе бидат со послаб интензитет, а во западните делови ќе провејува слаб снег.
Денеска и утре ќе дува засилен северен ветер што ќе услови значително намалување на дневната температура.