Поради повеќедневно присуство на постабилна воздушна маса во следниот период времето ќе биде натпросечно топло и претежно сончево.
Во следните денови ќе има мала до умерена локална облачност, а во попладневните часови и особено во понеделник ќе има услови за изолирана појава на пороен дожд и грмежи.
Од почетокот на следната работна седмица дневната температура насекаде ќе биде над 30 степени, а во средината на неделата наместа во југоисточните делови ќе достигнува 40 степени.