Од ЕВН Македонија – КЕЦ Струмица информираат дека утре (вторник, 16 септември) ќе има прекин на електричната енергија на дел од Василево, во периодот од 09:00 до 14:00 часот. Од ЕВН најавуваат и краток прекин на електричната енергија во Пиперево и Просениково (вторник, 16 септември) од 09:00 до 09:30 часот и од 13:30 до 14:00 часот.
Прекинот е поради реализација на инвестициони зафати за подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија.
 
 
                                 
 
 
		    
 
                                











 
	 
	 
	 
	 
	 
	 
	 
	 
	 
	

















 
								