Од утре стартува 12-то издание на „Струмица Опен фестивал“ на кое ќе се одржат 23 културно-забавни, спортски и музички настани се до 13 август на повеќе локации.
Организаторот, Здружението „Културен Забавен живот“ со поддршка на општината Струмица најавуваат раскош од фестивалски содржини, стотици учесници и многу ноти од квалитетна македонска музика.