Од ЈП „Паркиралишта Струмица“ информираат дека утре (вторник, 25 јуни) во периодот од 05:00 до 15:00 часот, поради реконструкција на трафостаница – Трговски Центар од страна на ЕВН Македонија, ќе нема електрично напојување на подземниот паркинг под плоштадот „Гоце Делчев“, тунелското осветлување, како и семафорите под плоштадот. Поради тоа подземниот паркинг нема да работи во споменатиот период.
Од јавното претпријатие апелираат за внимателно возење на споменатата локација како и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.