Утре е голем ден за децата, но и младите луѓе со попреченост кои ќе учествуваат на 6-та Манифестација „Убави сме, свои сме“. Овој пат на вистинска модна писта, направена специјално за нив, а ќе поминуваат низ публиката во големата сала на Центарот за култура во Струмица.
Ова е веќе традиционален настан – Модна ревија „Убави сме, свои сме“ на Здружението за поддршка и помош на лица со Даунов синдром „Вера“ од Струмица, а кој децата со попреченост со возбуда и радост го чекаат да учествуват на него.
Утрешната модна ревија со поинаков концепт, за разлика од претходните, а над 20 деца со попреченост, кои ќе бидат облечени во гардероба на познати модни куќи и бутици ќе бидат придружувани од познати лица од општествениот, политичкиот и културниот живот. На сцената ќе настапат и околу сто деца од основните училишта во општината Струмица.
Утре е нивни ден – Светски ден на лицата со попреченост, 3-ти Декември. Тие ја очекуваат вашата поддршка и силните искрени аплаузи…