Здружението „Јога Сурја Сонце“ од Струмица во соработка со индиската амбасада во Софија, организира прослава по повод меѓународниот ден на јогата во Струмица, Македонија.
Настанот ќе се одржи во сабота, 17 јуни во спортската сала на СОУУД „Димитар Влахов“ во 12:00 часот.
Соето присуство го потврдија гостите од Индија, д-р Викрант Сингх Томар, претседател на светската јогиска организација UNITED CONSCIOUSNESS (Обединета Свест), индискиот амбасадор во Софија, Н.Е. Санџај Рана и Амадио Бјанки, претседател на европската јога федерација од Италија.
Практикантите ќе одржат јогиски вежби, а д-р Викрант Сингх Томар ќе одржи предавање.