Компанијата „Темпера“ во соработка со „Синпекс“ донираше апарати за прочистување на воздухот во детските градинки во општина Босилово.
„Децата се нашето најголемо богатство и секогаш е добро да вложуваме во нивното здравје. Овие уреди ќе бидат поставени во Детската градинка во Моноспитово, а штом започне со работа градинката во Босилово, исто така ќе бидат донирани прочистувачи на воздухот. Секоја донација е добредојдена, особено вакви донации во услови на грип и загаден воздух. Благодарност до донаторите“ – напиша на Фејсбук градоначалникот Ристо Манчев.