Струмичката полиција уапси 48-годишен жител на струмичко село под сомнение дека физички ја нападнал својата сопруга и се обидел насилно да ѝ внесе непозната течност во устата, информираат од СВР Струмица.
Според пријавеното, вчера осомничениот со остар предмет ѝ нанел телесни повреди на сопругата, а претходно се обидел со шприц насилно да ѝ стави непозната течност во устата.
Лицето е приведено и задржано во Полициската станица Струмица. За случајот е известен јавен обвинител од Основното Јавно обвинителство Струмица, а по негови насоки се преземаат дополнителни мерки за целосно документирање на настанот. По завршување на постапката против осомничениот ќе биде поднесена кривична пријава.




























