Синоќа во 20:15 часот на улицата „Брсјачка Буна“ во Скопје, полициски службеници од Полициското одделение Шуто Оризари го лишиле од слобода И.А.(60) од Скопје. Тој се сомничи дека на 23.01.2023 година во неговиот дом физички ја нападнал В.Р.(30) од Струмица, со која се познавал од порано, по што не ѝ дозволил да го напушти домот до 09:30 часот на 24.01.2023 година, информира МВР.
Лицето било задржано во Полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.