сабота, 12 јули 2025
almak
No Result
View All Result
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
Home Вести

Трипуновски до Костадинов: Што треба да се направи за да ние како Влада излеземе во пресрет на граѓаните и да се реши оваа ситуација во која се наоѓаат струмичани

петок, 4 октомври, 2024 | 14:57
in Вести, Струмица, ТОП ВЕСТИ
Трипуновски до Костадинов: Што треба да се направи за да ние како Влада излеземе во пресрет на граѓаните и да се реши оваа ситуација во која се наоѓаат струмичани

Министерот за земјоделство шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски, денеска на заедничка прес-конференција со директорот на Агенција за храна и ветеринарство Оливер Миланов, директорот на Водостопанство Филип Филиповски и директорката на Институт за јавно здравје Марија Андоновска, соопшти дека Владата ѝ нуди помош на Општина Струмица за решавање на проблемот со водата за пиење.

Трипуновски ја оцени ситуацијата како еколошка катастрофа и го впери прстот директно во градоначалникот Костадин Костадинов. Воедно апелира надлежните институции и Јавното обвинителство да го испитаат случајот зашто, како што рече, некој дозволил дистрибуирање вода која не треба да ја пијат граѓаните, а доведувањето во прашање на нивното здравје е кривична одговорност.

Според министерот, и во изминатите месеци водата бактериолошки не била исправна. Овие податоци, напомена, некој треба да ги провери и ако има основа, да се поведе одговорност.

„Законска обврска на општината е да им обезбеди здрава и квалитетна вода за пиење на граѓаните. Но, гледаме безидејност од локалната самоуправа, а колатерална штета се граѓаните. Ние нудиме помош, сакаме интервентно да помогнеме. На координативен состанок вчера, ги анимиравме сите плански региони во државата за да се помогне со квалитетна питка вода, додека не се реши проблемот, а ако треба и да се инвестира во системи за подобрување на квалитетот на водата во фабриката, зашто некој го преспал мандатот и според експерите, опремата е многу стара, не е воопшто модернизирана. Некој требал навреме да инвестира во системите, за водата да биде питка и тоа е обврска на локалната самоуправа. Ќе повторам, стоиме целосно на располагање за решавање на проблемот со немањето вода за пиење во Струмица. Надлежните органи да покренат истрага зашто и во минатото имало зголемено количество манган и одредени бактерии, но тоа институциите да го проверат“, потенцира Трипуновски.

Струмица се снабдува со вода за пиење од браната Турија. Веќе седум дена водата не смее да се пие поради присуство на поголемо количество манган. Градоначалникот Костадин Костадинов вчера на седница на Советот на општината рече дека Струмица е пред еколошка катастрофа ако проблемот не се реши во најскоро време. Како што оцени, изворот на загадувањето и неможноста да се прочисти водата е во браната Турија од каде доаѓа сурова вода со големо присуство на манган. Тој уште еднаш упати повик до сите надлежни, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Водостопанство и Министерството за екологија и просторно планирање, да се седне и да се разговара за решавање на овој проблем.

ShareTweetShare
Previous Post

Брендовите на Елена Пандева – Златен спонзор на „Eкономски форум на жени лидерки – Women Economic Forum – Balkans 2024“

Next Post

Градоначалникот Костадинов со реакција по прес конференцијата на министерот Цветан Трипуновски

Related Posts

Попладнево избувнал пожар кај Владевци – интервенирале 28 пожарникари со 7 противпожарни возила
Василево

Попладнево избувнал пожар кај Владевци – интервенирале 28 пожарникари со 7 противпожарни возила

четврток, 10 јули, 2025 | 22:56
Пет лица од Баница добија 30-дневен притвор за напад на полициски службеник
Вести

Малтретираното девојче од Ново Село е сместено во згрижувачко семејство

четврток, 10 јули, 2025 | 18:03
Маж со пушка им се заканувал на две жени во Струмица
Вести

Синоќа полицијата приведе 21-годишно момче – во неговиот автомобил пронајде марихуана

четврток, 10 јули, 2025 | 16:18
Возило излетало од патот Струмица – Валандово, 63-годишен струмичанец тешко повреден
Вести

Кривична пријава за татко од Ново Село: снимил и објавил насилство врз 11-годишната ќерка

четврток, 10 јули, 2025 | 15:09
Струмичанец загина во Гевгелија откако со својот автомобил удрил во паркиран автобус
Вести

Тешко повреден велосипедист – излетал од патот

четврток, 10 јули, 2025 | 14:37
Избувна пожар на планината Беласица – по брзата интервенција пожарот е изгаснат
Вести

Избувна пожар на планината Беласица – по брзата интервенција пожарот е изгаснат

среда, 9 јули, 2025 | 16:36

ТОП ВЕСТИ

Малтретираното девојче од Ново Село е сместено во згрижувачко семејство
Кривична пријава за татко од Ново Село: снимил и објавил насилство врз 11-годишната ќерка
Владата прогласи кризна состојба на територијата на цела држава

ВЕБ БИЛБОРД

Се издава наместена гарсоњера со тераса Се издава наместена гарсоњера со тераса
Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници
Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица
Поправка на сите видови фриждери, клими и комори Поправка на сите видови фриждери, клими и комори
Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар
Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници
Се издава деловен простор – дуќан во самиот центар на Струмица Се издава деловен простор – дуќан во самиот центар на Струмица
Се изнајмува угостителски објект за прослави и презентации Се изнајмува угостителски објект за прослави и презентации
СЕ ПРОДАВА стара куќа во Струмица кај „монополот“ СЕ ПРОДАВА стара куќа во Струмица кај „монополот“
СЕ ПРОДАВА деловен простор во Струмица – „мало стопанство“ СЕ ПРОДАВА деловен простор во Струмица – „мало стопанство“

ВЕСТИ од Македонија

Онлајн закажување термин за фотографирање за лични документи

Апел до граѓаните да не отвораат линкови од СМС пораки

Од 1 јули на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила

НАЈАВА

На 11 и 17 јули во југоисточниот регион ќе се изврши втора ларвицидна и теристична дезинсекција
ВМРО-ДПМНЕ на плоштадот во Струмица ќе одржат трибина – на неа ќе говори и лидерот на партијата и премиер Христијан Мицкоски
На 18 јуни ќе се прска против комарци во струмичкиот регион
Во Струмица ќе се одржи Панел дискусија за иницијативата на добивање статус „родител-негувател“ на родителите на лице со попреченост
Во Струмица на 13 и 14 јуни PopUp Базар – четврто издание

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist