вторник, 26 септември 2023
almak
НЕМА РЕЗУЛТАТ
ПРЕГЛЕДАЈ ГИ СИТЕ РЕЗУЛТАТИ
Radio StrumicaNet
НЕМА РЕЗУЛТАТ
ПРЕГЛЕДАЈ ГИ СИТЕ РЕЗУЛТАТИ
ПОЧЕТНА Вести

Трибината на СДСМ во преполна спортска сала: Струмица е симбол на социјалдемократијата

четврток, 10 ноември, 2022 | 09:53
во Вести, Струмица

Владејачката СДСМ синоќа организира граѓанска трибина во Струмица, каде Спортската сала „Парк“ беше преполна со граѓани и симпатизери на партијата. Говореше лидерот на СДСМ и актуелен премиер Димитар Ковачевски, кој порача дека Струмица е симболот на социјалдемократијата.
„Не случајно СДСМ победуваше во Струмица дури и тогаш кога беше најтешко, кога целата држава беше заробена од страна на ВМРО-ДПМНЕ цели 11 години. Струмица е олицетворение на што сме ние, социјалдемократите“ рече Ковачевски.
Во своето обраќање тој истакна и дека СДСМ е печатот на македонската европска идеја и напредокот од осамостојувањето до денес.
„СДСМ е дел од континуитетот на државничките одлуки во исполнување на македонските национални стратешките цели поставени уште од независноста. 31 година СДСМ е на вистинската страна на историјата и за тоа секој социјалдемократ, секој од вас овде присутен во ова сала е особено горд“ – кажа Ковачевски.
Актуелниот градоначалник на Струмица и член на Извршиот одбор на СДСМ, Костадин Костадинов кажа дека локалната и централната власт предводени од СДСМ на дело покажуваат што значи вистинска грижа за општините, за граѓаните и државата.
„Симбиозата помеѓу Општина Струмица и централната власт функционира и дава резултат, таквата соработка обезбедува реализација на многу важни проекти како детски градинки, фекална и атмосферска канализација и изградба на социјална населба, како најкапитален проект во општина Струмица. 40% од предизборната програма што ја дадовме пред граѓаните е веќе реализирана или е во фаза на реализација“ – кажа Костадинов и најави изградба на фотоволтаична електрана во сопственост на Општина Струмица, со што ова општина ќе биде целосно енегретски независна.
Претседателот на струмичките социјалдемократи, Борче Цветков нагласи дека СДСМ со своите државотворни политики, продолжува по трасираниот пат кој води кон сигурна иднина и дека по членството на земјата во НАТО, владините политики продолжија да нижат успеси на сите можни полиња од општественото живеење, кои граѓаните ги прават спокојни, сигурни и охрабрени.
Цветков меѓу успесите на СДСМ ги наведе сигурниот од кон Европската Унија, влезот на голема врата на македонскиот јазик во европските институции, цврстиот опстој на браникот на македонскиот идентитет, одличната меѓународна политика, 36-то место на листата на најбезбедни земји во светот, бројните мерки за помош на граѓаните и стопанството во услови на криза, континуираниот раст на платите и пензиите, одличната социјална политика, низата ангажмани за прогрес во енергетиката, стопанството, земјоделството, образованието, здравството, културата.

СподелувањаTweetСподелувања
ПРЕТХОДНА ОБЈАВА

Патувачкиот караван на УСАИД по повод 30 години партнерство со Македонија беше во Струмица

СЛЕДНА ОБЈАВА

20-годишно момче со повреди на телото е донесено во струмичката болница

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Струмичкото ВМРО-ДПМНЕ реагира на прес конференцијата на Марјан Даскаловски
Вести

Струмичкото ВМРО-ДПМНЕ реагира на прес конференцијата на Марјан Даскаловски

понеделник, 25 септември, 2023 | 18:27
Даскаловски одржа прес конференција по обвинувањата кон него дека не дозволувал да се вршат измени во Програмата за еднакви можности на мажите и жените
Вести

Даскаловски одржа прес конференција по обвинувањата кон него дека не дозволувал да се вршат измени во Програмата за еднакви можности на мажите и жените

понеделник, 25 септември, 2023 | 13:49
ЕВН: Без електрична енергија се Вељуса, Баница, Седларци, Индустриска зона „Север2“, „Агроконсалтинг“
Босилово

Утре од 09:30 до 12:00 часот без електрична енергија ќе бидат корисници на излез од Босилово кон Турново

понеделник, 25 септември, 2023 | 10:23
Во Струмица промовирана игра за инвалиди во количка – Бочија
Василево

Во Струмица промовирана игра за инвалиди во количка – Бочија

недела, 24 септември, 2023 | 14:33
Пожар во атарот на Просениково – гореле викендица, шупи и стрниште
Вести

Пожар во атарот на Просениково – гореле викендица, шупи и стрниште

сабота, 23 септември, 2023 | 16:39
Обилни врнежи на повеќе места низ државата и до сабота се очекува да наврнат над 50 л/м²
Вести

Од утре промена на времето – пороен дожд, грмежи, локално невреме

сабота, 23 септември, 2023 | 14:21

ТОП ВЕСТИ

Пожар во атарот на Просениково – гореле викендица, шупи и стрниште
Во Струмица приведен крадец кој пред три дена од казино во Босилово украл пари
Со велосипедско дефиле во Струмица одбележан Светскиот Ден без автомобили и Европската недела на мобилност

ВЕБ БИЛБОРД

Барам под наем канцеларија во градот Струмица Барам под наем канцеларија во градот Струмица
Фризерски салон вработува Фризерски салон вработува
„ДИТОДОРО“ Струмица вработува „ДИТОДОРО“ Струмица вработува
Приватни часови по сите предмети за ученици од I до V одделение Приватни часови по сите предмети за ученици од I до V одделение
Хотел „Парк Бачиново“ Благоевград бара сезонски работници Хотел „Парк Бачиново“ Благоевград бара сезонски работници

НАЈАВА

Утре од 09:30 до 12:00 часот без електрична енергија ќе бидат корисници на излез од Босилово кон Турново
Стенд-ап со актерот Бојан Велевски на 22 септември во Струмица
Групата „Фолтин“ ќе одржи концерт во Центарот за култура во Струмица
Хуманитарен концерт во четврток на Здружението „Хуманост“
Во вторник без струја Моноспитово, Костурино, Мемешли, Орманли, Дорломбос

ФЕЈСБУК статус

Фејсбук статус на Владимир Ристов: Слаба реализација на Општина Струмица на капиталните инвестиции за 2022 година

Фејсбук статус на Жан Дрвошанов: Масакар на дрвјата во централното градско подрачје

Фејсбук статус на градоначалникот Костадинов: Инспекторите на лице место затекнаа несовесни граѓани кои гореле кабел

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: info@strumicanet.com | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

НЕМА РЕЗУЛТАТ
ПРЕГЛЕДАЈ ГИ СИТЕ РЕЗУЛТАТИ
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist