четврток, 30 октомври 2025
almak
No Result
View All Result
almak
almak
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
almak
almak
almak
Home Вести

Тренчовски: Тргнете ги рацете од „Астерфест“!

вторник, 17 декември, 2024 | 10:55
in Вести, Струмица
Тренчовски: Тргнете ги рацете од „Астерфест“!

Основачите на Маѓународниот филмски фетивал „Астерфест“, Горан и Софија Тренчовски, кој започнаа да го организираат од 2005 година во Струмица, со реакција на социјалните мрежи за обидите на поединци за преземање на фестивалот „Астерфест“.

По повод најновите обиди за нелегално преземање на нашиот „Астерфест“, промовирање настан што не е организиран од овластени лица на Здружението „Астерфест филм фестивал“ од Струмица, и сознанијата дека се подготвува јавен линч врз нас со цел под притисок да се откажеме од фестивалот, чувствуваме потреба да ја информираме јавноста за случајот поради кој сме засегнати веќе подолго време. Мислевме дека ова беше само интерен проблем, но сега, кога веќе има објави дека некој ќе прави некаков друг „Астерфест“, кој не е нашиот, изворниот, оригиналниот, редно е да се дознае вистината.

Помина веќе една година откако ја прекинавме соработката со нашиот поранешен соработник, уредно известувајќи го дека веќе не е дел од „Астерфест“ и дека не може да се претставува или да аплицира со нашиот проект „Астерфест“. Ги презедовме сите неопходни чекори за да го зајакнеме брендот и да го заштитиме фестивалот за понатаму. Но во последниот период сме предмет на зачестени закани и заплашувања (дека ќе нè уништат и пеплосаат, ќе нè жигосуваат пред амбасади…) за дела што никогаш не се сторени, сè поради прекинувањето на една соработка и нашето право да продолжиме да си го работиме проектот што сме го создале.

Интернационалниот филмски фестивал „Астерфест“ од Струмица е основан во 2005 година од нас, Софија и Горан Тренчовски, и под наше раководство континуирано се организира веќе две децении, со многу љубов, ентузијазам, креативност и посветеност. Во текот на сите овие години сме ангажирале огромен број прекрасни соработници. Административно-техничката соработка со нашиот поранешен соработник, кој сега најавува некој негов „Астерфест“, прекина поради нелојалност, дрскост и непочитување на личноста и делото на основачите, принципите на хиерархија, како и поради други причини и недоразбирања. Секоја соработка има почеток и крај. И покрај тоа што беше постигната усна согласност и разидување, од некакви побуди, ова лице, спротивно на волјата и согласноста на Тренчовски, конкурирало без ние да знаеме на конкурсот распишан од Агенцијата за филм за 2024 година, поднесувајќи плагирана апликација.

Нашиот „Астерфест“ оваа година не доби ниту денар од Агенцијата, што значи дека појавата на паралелни апликации и создавањето забуна ни предизвика и ни нанесе штета. И покрај тоа, ние издржавме. Фестивалот „Астерфест“ по 19. пат успешно се одржа од 1 до 5 август 2024 г., во Амфитеатарот во Струмица, со Божја помош и со финансиска поддршка од Општина Струмица, заедно со целиот тим составен од врвни и вредни професионалци.

И сега, откако овогодишниот „Астерфест“ успешно е заокружен, злите духови повторно се разбудуваат, секако по некакво смислено сценарио поддржано од групации и центри на моќ кои сакаат да провоцираат, да привлечат публицитет, со цел да го присвојат еден од најуспешните македонски фестивали, по кои е препознатлива Струмица. Знаејќи каков личен влог и пожртвуваност сме дале, колку труд, ентузијазам и наши приватни средства сме вложиле во овој наш животен проект, ние повеќе не сакаме да бидеме вознемирувани, заплашувани, уценувани и да бидеме заложници на едно лице. Иако знаеме дека не се сите слепи и немаат сите кратко паметење, сакаме да предупредиме дека треба да се разграничат лагите од вистината. А за каква игра се работи, допрва ќе се види.

Сакаме да веруваме во институциите на државата, иако деновиве, со колапсот на Агенцијата за филм, филмската дејност е слика и прилика на наследените хронично лоши состојби во системот наталожувани со години – поради недореченостите во спроведувањето на конкурсите, големото ниво на корупција во администрацијата, поради непотизам, партизација и криминал, појави кои, за жал, кај нас многу тешко и бавно се искоренуваат. Не смее да му се даде легитимитет на ова посегање кон „Астерфест“, на ова подбивање со основачите, застапниците и организаторите, зашто правни механизми сепак постојат.

Но фала му на Бога за ова искушение, оти така ќе видиме подобро и кои се вистинските пријатели на „Астерфест“ и колку сме доследни нешто да сочуваме или да уништиме. Ова не е само атак и обид за понижување и елиминација на Тренчовски, туку и подигрување со Струмица, со нејзините граѓани, со сите астерфестовски лауреати, автори и соработници. Ова е невиден груб и нецивилизиран атак врз македонското и светското културно наследство создавано низ годините преку препознатливиот бренд „Астерфест“, кој сите знаат како настана и чија проектна активност е.

Никој нема право да ни го одземе „Астерфест“!

Личните суети, покажувањето мускули, партиските мешаници и давањето поддршка на вакви недемократски, неевропски, монструозни обиди за дискриминација и за оцрнување на јадрото и вистинските сподвижници на „Астерфест“ – не се добар пример во правниот систем и во моралните норми на нашето општество.

Тргнете ги рацете од „Астерфест“!

Горан Тренчовски

Софија Тренчовска

ShareTweetShare
Previous Post

Во недела играорците на КУД „Браќа Минкови“ во Куклиш со Годишен концерт и ги повикаа граѓаните да ги видат новите кореографиии

Next Post

Сузана Гавазова сними нова песна со видео спот за Светата земја – Македонија

Related Posts

Јанков до советниците: Секој ваш потег треба да биде воден од јавниот интерес, а секоја одлука да биде донесена со целосна одговорност и отчетност
Вести

Јанков до советниците: Секој ваш потег треба да биде воден од јавниот интерес, а секоја одлука да биде донесена со целосна одговорност и отчетност

среда, 29 октомври, 2025 | 16:55
Новиот Совет на општина Струмица ја одржа првата конститутивна седница – Никола Маџунков е избран за претседател
Вести

Новиот Совет на општина Струмица ја одржа првата конститутивна седница – Никола Маџунков е избран за претседател

среда, 29 октомври, 2025 | 15:07
Никола Маџунков е избран за претседател на Советот на општина Струмица
Вести

Никола Маџунков е избран за претседател на Советот на општина Струмица

среда, 29 октомври, 2025 | 12:42
Маж со пушка им се заканувал на две жени во Струмица
Вести

Приведени двајца млади момчиња, кај нив во автомобилот е пронајдена марихуана

вторник, 28 октомври, 2025 | 11:26
Петар Јанков ја презеде функцијата градоначалник на општина Струмица
Вести

Петар Јанков ја презеде функцијата градоначалник на општина Струмица

понеделник, 27 октомври, 2025 | 14:26
Дел од новите членови на Советот на општина Струмица ги примија уверенијата – во среда првата конститутивна седница
Вести

Дел од новите членови на Советот на општина Струмица ги примија уверенијата – во среда првата конститутивна седница

понеделник, 27 октомври, 2025 | 11:47

ТОП ВЕСТИ

Јанков до советниците: Секој ваш потег треба да биде воден од јавниот интерес, а секоја одлука да биде донесена со целосна одговорност и отчетност
Новиот Совет на општина Струмица ја одржа првата конститутивна седница – Никола Маџунков е избран за претседател
Никола Маџунков е избран за претседател на Советот на општина Струмица

ВЕБ БИЛБОРД

МЛЕКАРА ЈОКА вработува работник во производствен погон МЛЕКАРА ЈОКА вработува работник во производствен погон
МЛЕКАРА ЈОКА вработува откупувач на суровина (млеко) за реон Струмица МЛЕКАРА ЈОКА вработува откупувач на суровина (млеко) за реон Струмица
СЕ ИЗДАВА стан од 80м² на „Ленинова“ спроти паркот над „Риверсофт“ во Струмица СЕ ИЗДАВА стан од 80м² на „Ленинова“ спроти паркот над „Риверсофт“ во Струмица
СЕ ИЗДАВА стан од 50м² во зградата спроти Пожарната СЕ ИЗДАВА стан од 50м² во зградата спроти Пожарната
Хотел „Студио ИН“ Струмица вработува собарка Хотел „Студио ИН“ Струмица вработува собарка
„Power up Avtoservis“ вработува автомеханичар „Power up Avtoservis“ вработува автомеханичар
Cvejo ВРАБОТУВА! Cvejo ВРАБОТУВА!
Бутик од Струмица има потреба од работничка Бутик од Струмица има потреба од работничка
Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови
МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА

ВЕСТИ од Македонија

Забраната за движење низ шумите продолжена до 30 септември

Онлајн закажување термин за фотографирање за лични документи

Апел до граѓаните да не отвораат линкови од СМС пораки

НАЈАВА

Во сабота на струмичкиот плоштад ќе се одржи 5-от „АГРО САЕМ СТРУМИЦА 2025“
Во Скопје вечерва ќе биде отворена изложба на фотографии од Ристо Шишков
Тактичко-показна вежба – симулација на пожар и земјотрес во училиштето „Никола Карев“
Граѓанска трибина на тема: „МОЗОЧНИ УДАРИ – ризик фактори, симптоми, дијагностика и превенција“
„Здравјето на прво место – фармацевтите во служба на заедницата“ – ПЗУ аптека „ЕЛИКСИР“ организира настан

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist