Фудбалскиот клуб „Беласица“ од Струмица на Фејсбук објави дека пред натпреварот со ФК “Локомотива“ во Скопје, двајцата тренери биле физички нападнати, а кон фудбалерите имало закани дека ќе биде искористено огнено оружје. Инцидентот се случил на игралиштето „Фортуна“ во населбата Синѓелиќ.