Вчера околу 16:00 часот на улица „Климент Охридски“ во Струмица се случила сообраќајна незгода во која товарно возило „Фиат“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Д.П.(42) од село Костурино, струмичко, удрило во пешакот С.Т.(75) од село Моноспитово, струмичко, информираат од СВР Струмица.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во струмичката болница, а увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.