петок, 11 јули 2025
almak
No Result
View All Result
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
Home Вести

ТИМ Институт: Градоначалникот Костадин Костадинов со доверба од граѓаните и за втор мандат

петок, 6 октомври, 2023 | 13:51
in Вести, Струмица
Костадинов: Од утре ставам ништовност и вето на секој меморандум „на таквите“ невладини организации

На половина од првиот мандат, струмичани имаат доверба во градоначалникот Костадин Костадинов да му го доверат и вториот мандат. Тоа го покажало истражувањето на ТИМ Институтот од Скопје, според кое на прашањето дали сметате дека градоначалникот Костадин Костадинов заслужува или не заслужува повторно да биде избран, 52,5% од испитаниците одговориле позитивно што според анализите на Институтот, е повеќе од довербата што ја имаат двете најголеми политички партии заедно доколку утре се одржат локални избори, информираат од Општина Струмица.

„Таквата поддршка да еден човек има поголема поддршка од двете најголеми партии, иако со должна одговорност јас сум член на Извршниот одбор на СДСМ и со огромна чест се носам со таа функција, сепак, ова кажува дека огромен дел од граѓаните веруваат на заложбите коишто ги даваме и не би кажал само Костадин Костадинов, туку со целиот негов тим, со целата општинска администрација и секако со мудрите одлуки на советниците, иако јас сум носител на функцијата и секако ме обврзува да продолжам по патот по којшто одам. Да бидам човек којшто ќе ги слуша во секој момент граѓаните, Костадин Костадинов да биде човек којшто ќе оди во секое населено место, Костадин Костадинов да биде човек којшто ќе оди во секое маало во градот, ќе разговара со секој еден човек, и со најмладите и со возрасните, оти навистина тоа е мојата работа. Јас и во предизборната кампања говорев дека Струмица не е град којшто може да се владее, Струмица е град којшто се сака, а јас сум човек којшто нема намера да владее, туку да служи и сум бескрајно среќен што еве огромен дел од граѓаните тоа го препознаваат. Тоа за мене е радост и упатувам јавна благодарност до граѓаните и едно уверување од моја страна дека навистина ќе продолжам уште повеќе да бидам посветен на капиталните инвестиции и проекти, ќе бидам уште повеќе посветен на новите социјални услуги оти јас сум социјалдемократ по убедување, ќе продолжам да ги слушам сите граѓани, ќе продолжам да бидам транспарентен како и досега, а тоа го покажуваат сите мерења за општина Струмица  и скокот од 9 места на скалата на активна транспарентност“, вели градоначалникот Костадинов.

Градоначалникот Костадин Костадинов смета дека се уште е рано за да размислува за втор мандат.

„Многу е рано. Јас сум човек којшто од почетокот на својата политичка кариера и како советник и како пратеник во македонскиот парламент, како градоначалник, сум кажал дека кога секој човек си ја работи работата народот ќе си каже што и како очекувал, народот ќе си каже и предвреме дали некој треба да продолжи по патот којшто си го оди, дали не треба да продолжи. Сите луѓе имаат свои лични амбиции и апетити кои сакаат да ги реализираат или не, еве јас како човек ќе кажам оти сум целосно растеретен од тоа дали ќе продолжам или нема да продолжам. Костадин Костадинов иако млад на свои 33 години, досега секогаш црпел легитимитет од граѓаните, секогаш излегувал на непосредни избори каде што секогаш искрено, отворено и со чист образ го барал гласот на граѓанинот за да му служи“, додаде Костадинов.

Истражувањето на ТИМ Институтот од Скопје на јавното мислење во општина Струмица било спроведено од 10 до 16 јули годинава на репрезентативен примерок од 500 испитаници.

ShareTweetShare
Previous Post

Првачињата од општина Струмица примени во Детската организација – одбележана Детската недела

Next Post

Со автомобилот удрил во ограда, оставајќи го сопатникот со тешки повреди

Related Posts

Попладнево избувнал пожар кај Владевци – интервенирале 28 пожарникари со 7 противпожарни возила
Василево

Попладнево избувнал пожар кај Владевци – интервенирале 28 пожарникари со 7 противпожарни возила

четврток, 10 јули, 2025 | 22:56
Пет лица од Баница добија 30-дневен притвор за напад на полициски службеник
Вести

Малтретираното девојче од Ново Село е сместено во згрижувачко семејство

четврток, 10 јули, 2025 | 18:03
Маж со пушка им се заканувал на две жени во Струмица
Вести

Синоќа полицијата приведе 21-годишно момче – во неговиот автомобил пронајде марихуана

четврток, 10 јули, 2025 | 16:18
Возило излетало од патот Струмица – Валандово, 63-годишен струмичанец тешко повреден
Вести

Кривична пријава за татко од Ново Село: снимил и објавил насилство врз 11-годишната ќерка

четврток, 10 јули, 2025 | 15:09
Струмичанец загина во Гевгелија откако со својот автомобил удрил во паркиран автобус
Вести

Тешко повреден велосипедист – излетал од патот

четврток, 10 јули, 2025 | 14:37
Избувна пожар на планината Беласица – по брзата интервенција пожарот е изгаснат
Вести

Избувна пожар на планината Беласица – по брзата интервенција пожарот е изгаснат

среда, 9 јули, 2025 | 16:36

ТОП ВЕСТИ

Малтретираното девојче од Ново Село е сместено во згрижувачко семејство
Кривична пријава за татко од Ново Село: снимил и објавил насилство врз 11-годишната ќерка
Владата прогласи кризна состојба на територијата на цела држава

ВЕБ БИЛБОРД

Се издава наместена гарсоњера со тераса Се издава наместена гарсоњера со тераса
Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници
Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица
Поправка на сите видови фриждери, клими и комори Поправка на сите видови фриждери, клими и комори
Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар
Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници
Се издава деловен простор – дуќан во самиот центар на Струмица Се издава деловен простор – дуќан во самиот центар на Струмица
Се изнајмува угостителски објект за прослави и презентации Се изнајмува угостителски објект за прослави и презентации
СЕ ПРОДАВА стара куќа во Струмица кај „монополот“ СЕ ПРОДАВА стара куќа во Струмица кај „монополот“
СЕ ПРОДАВА деловен простор во Струмица – „мало стопанство“ СЕ ПРОДАВА деловен простор во Струмица – „мало стопанство“

ВЕСТИ од Македонија

Онлајн закажување термин за фотографирање за лични документи

Апел до граѓаните да не отвораат линкови од СМС пораки

Од 1 јули на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила

НАЈАВА

ВМРО-ДПМНЕ на плоштадот во Струмица ќе одржат трибина – на неа ќе говори и лидерот на партијата и премиер Христијан Мицкоски
На 18 јуни ќе се прска против комарци во струмичкиот регион
Во Струмица ќе се одржи Панел дискусија за иницијативата на добивање статус „родител-негувател“ на родителите на лице со попреченост
Во Струмица на 13 и 14 јуни PopUp Базар – четврто издание
На 9-ти јуни во Струмица – Хуманитарен настан за настраданите во Кочани

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist