Вчера во 10:50 часот, на регионалниот пат Кавадарци–Неготино, во близина на селото Марена, патничко возило марка „Гели“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.А.(46) од Струмица, излетало надвор од коловозот.
Во незгодата возачот се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Општата болница во Кавадарци, информираат од полицијата.
На местото на настанот бил извршен увид од увидна екипа на ОВР Кавадарци, која ги утврдува причините за сообраќајката.





























