Вчера во 13:35 часот од ЈЗУ „Општа болница“ Струмица во СВР Струмица било пријавено дека кај нив бил донесен Т.Д.(58) од село Радичево, струмичко кој се здобил со тешки телесни повреди додека извршувал градежни работи во Градско Балдовци, информираат од струмичката полиција. Од страна на СВР Струмица извршен бил увид на местото на настанот и известени биле Јавен обвинител и трудов инспектор.