Едно лице го загуби животот во сообраќајна несреќа што попладнето се случи на „Валандовско брдо“ на патот Струмица – Валандово, објави порталот „Дрнка.мк“. Според првичните информации на полицијата, станува збор за лице кое управувал камион со струмички регистарски ознаки.
Несреќата се случила околу 14 часот на еден од свијоците каде возачот изгубил контрола над камионот и излетал од патот при што се превртел.
На местото на настанот полицијата вршеше увид, а присутна беше и екипа на Итната медицинска помош. Сообраќајот се одвиваше отежнато во двата правци.
Преземено од www.drnka.mk