Минатата недела во Мадрид, Шпанија во организација на Departamento de Prehistoria y Arqueología, Universidad Autónoma de Madrid (UAM), се одржа 3-от Меѓународен Конгрес за антички термализам – „Термални бањи и територија: улогата на минерално-лековитите води во римските провинции“, на кој покрај претставници од Португалија, Шпанија, Франција, Италија, Германија, Швајцарија, Холандија, Хрватска, Турција и Тунис, претставувајќи ги најеминетните термални лекувалишта од римскиот период од територијата на целата некогашна римска империја, беше презентирано и светилиштето и термалното лекувалиште од римскиот период во Бања Банско, општина Струмица, информираат од НУ „Завод и Музеј“ Струмица.
Во својата презентација Ване Секулов и Даниела Стоилкова од ова установа оптимално го преставија развојот на Бања Банско како археолошки и културно-историски феномен низ времето и просторот, со посебен акцент на неговото духовно и илијатричко значење во изминатите 2400 години.