Симболичен погреб пред влезот на општинската врата во Ново Село. Облечени во костими што ја претставуваат смртта, со посмртна поворка положија ковчег со венец и свежо цвеќе, алудирајќи дека отворањето на индустриски објекти во регионот ќе ја уништи природата, објави ТВ ТЕЛМА. Во говорите активистите порачаа дека нема да дозволат отворање на леарница за алуминиум.
Како што објави Телма, на перформативниот протест се појавил и градоначалникот Ѓорге Божинов, кој тврди дека објектот кај Смолари е Г2 индустрија, а не од Г1 како што тврдат активистите.