Седум месеци по смртта на 26-годишниот Јован Витанов од Струмица, случајот е затворен. Јавното обвинителство информира дека по извршената обдукција на телото не открила траги на насилство кај починатото момче и по испитување на сите траги најдени на местото каде е откриено телото на Витанов, надлежниот Јавен обвинител го затворил случајот, објави ТВ канал ВИС.