Владата на денешната 198-ма седница донесе одлукa за трансформирање на средното општинско училиште „Никола Карев“ од Струмица во Регионален центар за стручно образование и обука.
Со тоа, како што информираат попладнево од владината прес-служба, бројот на Регионални центри за стручно образование и обука во државата се искачува на вкупно пет.