Синоќа околу 19:00 часот пиромани се доближиле до околните ридови на Струмица и блиските населени места и подметнуваат пожари. Според кажувањата на пожарникарите-спасители, во близина на пожарот кај Три води се чувствувала силна миризба на запалена гума.
Додека пожарникарите беа ангажирани на големиот пожар на Готен, на три локации, речиси истовремено избувнаа пожари: кај Триводи, Градошорци и Куклиш.
Веднаш биле мобилизирани дополнителни тимови од пожарникари-спасители и испратени на овие локации. Сите пожари беа навремено локализирани и ликвидирани.