Во центарот на градот на чушките и френките, во најземјоделскиот крај во Македонија по трет пат се одржа манифестацијата „АГРО САЕМ СТРУМИЦА 2023“, во организација на Здружението „ПроАгро Фармери“.
На плоштадот во Струмица можност да се видат последните технолошки достигнувања во органското земјоделско производство, органски произведени култури, земјоделска механизација, органски производи за заштита и прихрана во земјодлеското производство презентирани од над 150 излагачи од струмичкиот регион и државата, како и гости од Србија и Бугарија. Саемот беше можност пред голем број посетители производители на свој автентичен начин да го претстават своето производство на градинарски производи, вино, органски сокови, разновиден мед, традиционална храна.