недела, 7 декември 2025
almak
No Result
View All Result
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
almak
Home Вести

Струмичкиот карневал ќе се одржи од 13 до 20 март – главната карневалска вечер на 16 март

сабота, 17 февруари, 2024 | 09:23
in Вести, ИЗБОР на уредникот, Магазин, НАЈАВА, НАСТАНИ, Струмица
Струмичкиот карневал ќе се одржи од 13 до 20 март – главната карневалска вечер на 16 март

Струмичкиот карневал годинава ќе се одржи од 13 до 20 март, главната интернационална вечер е на 16 март (сабота) на која ќе учествуваат околу илјада маскирани лица од земјава и странство.

Карневалската недела започнува со предавањето на клучот на градот од страна на градоначалникот на Струмица на карневалистите на 13 март во 18:30 часот, а веднаш потоа ќе биде отворена Изложба на карневалски маски на СОУ „Јане Сандански“ Струмица.

На 14 март ќе се одржи „Концертот под маски“ на Музичкото училиште „Боро Џони“ од Струмица, еден во 18:00 часот и другиот во 20:00 часот, а меѓу двата концерти е предвидено отворање на Изложба во Градската Уметничка галерија – „30 години во FECC“. Истиот ден во 12:00 часот ќе се објават и резулатите од темата за проза и поезија за карневалот во организација на Библиотеката „Благој Јанков Мучето“.

Во петок, на 15 март, во хотелот „Сириус“ ќе одржи традиционалниот Маскенбал на кој се избираат принц и принцеза на Карневалот, кои заедно со кралската свита ќе ја предводат Интернационалната карневалска поворка на главната карневалска вечер на 16 март со почеток во 18:30 часот. Детскиот карневал се одржува традиционално на празникот Прочка, во недела на 17 март, од 11:00 часот низ струмичкото корзо и плоштадот „Гоце Делчев“.

На Чист Понеделник (18 март) карневалските празнувања продолжуваат во 13:00 часот на струмичкиот плоштад  со делење на традицоналниот бел грав, (фасуљ), а претходно во 12:00 часот ќе бидат објавени и резултатите од изборот на најуспешните маски од интернационалната карневалска вечер. Истиот ден вечерта во 19:30 часот во Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица ќе биде отворена и традиционалната изложба на карикатури и афоризми и ќе бидат доделени наградите на избраните најдобри дела.

Во вторник од 18:00 часот е традиционалното Карневалско корзо, а во 19:00 часот во Центарот за култура ќе бидат доделени наградите на најуспешните маски од саботната карневалска вечер.

Карневалските празнувања во Струмица завршуваат на сам ден Тримери, среда, 20 март, кога во 12:00 часот ќе се организира тримерски ручек и настап на музичкиот состав „Распеани струмичани“, по што карневалистите ќе му го вратат клучот од градот на градоначалникот Костадин Костадинов.

ShareTweetShare
Previous Post

Одбојкарот Владо Милев – најдобар спортист на општина Струмица за 2023 година

Next Post

Во вторник дел од Водоча без електрична енергија

Related Posts

Во недела Свечена академија по повод трите јубилеи на ООУ „Св. Кирил и Методиј“ – Дабиле
Вести

Во недела Свечена академија по повод трите јубилеи на ООУ „Св. Кирил и Методиј“ – Дабиле

сабота, 6 декември, 2025 | 16:32
Младиот ликовен уметник Таше Пефќев со втора самостојна изложба на 17 декември
Вести

Младиот ликовен уметник Таше Пефќев со втора самостојна изложба на 17 декември

сабота, 6 декември, 2025 | 14:20
Средба на женски организации од Југоистокот со пратенички: Локалните предизвици од руралните средини бараат системски решенија
Вести

Средба на женски организации од Југоистокот со пратенички: Локалните предизвици од руралните средини бараат системски решенија

сабота, 6 декември, 2025 | 12:27
Актерската екипа на „Утре наутро“ во Струмица: Премиера која ја доближи приказната до публиката
Вести

Актерската екипа на „Утре наутро“ во Струмица: Премиера која ја доближи приказната до публиката

сабота, 6 декември, 2025 | 10:42
14 години без македонската фолк легенда Гоце Арнаудов
Вести

14 години без македонската фолк легенда Гоце Арнаудов

сабота, 6 декември, 2025 | 08:54
Општина Струмица постави професионални прочистувачи на воздух во училиштата и градинките
Вести

Општина Струмица постави професионални прочистувачи на воздух во училиштата и градинките

петок, 5 декември, 2025 | 14:39

ТОП ВЕСТИ

Актерската екипа на „Утре наутро“ во Струмица: Премиера која ја доближи приказната до публиката
Општина Струмица постави професионални прочистувачи на воздух во училиштата и градинките
Голем подвиг на струмичките планинари на Андите – членови на ПК „Ентузијаст“ освоија врв над 6000 метри

ВЕБ БИЛБОРД

СЕ ИЗДАВА стан од 80м² на „Ленинова“ спроти паркот над „Риверсофт“ во Струмица СЕ ИЗДАВА стан од 80м² на „Ленинова“ спроти паркот над „Риверсофт“ во Струмица
СЕ ИЗДАВА стан од 50м² во зградата спроти Пожарната СЕ ИЗДАВА стан од 50м² во зградата спроти Пожарната
Хотел „Студио ИН“ Струмица вработува собарка Хотел „Студио ИН“ Струмица вработува собарка
Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови
Се издава наместена гарсоњера со тераса Се издава наместена гарсоњера со тераса
Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници
Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица
Поправка на сите видови фриждери, клими и комори Поправка на сите видови фриждери, клими и комори
Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар
Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници

ВЕСТИ од Македонија

За студентите објавен е јавниот повик за доделување ваучери во вредност од 15.300 денари за набавка на електронски уреди

Забраната за движење низ шумите продолжена до 30 септември

Онлајн закажување термин за фотографирање за лични документи

НАЈАВА

Во недела Свечена академија по повод трите јубилеи на ООУ „Св. Кирил и Методиј“ – Дабиле
За четврток, претседателот Никола Маџунков ја закажа третата седница на Советот на општина Струмица
На 3 декември ќе се одржат собири на граѓани за избор на членови на советите на Урбаните и Месните заедници во општина Струмица
Денеска во Струмица – Панел дискусија: „Магијата на создавање храбри, мислечки и сочувствителни личности“ на МОН
Струмица го очекува 13. Фестивал на Источно црковно пеење – сабота, 22 ноември

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist