вторник, 3 октомври 2023
almak
НЕМА РЕЗУЛТАТ
ПРЕГЛЕДАЈ ГИ СИТЕ РЕЗУЛТАТИ
Radio StrumicaNet
НЕМА РЕЗУЛТАТ
ПРЕГЛЕДАЈ ГИ СИТЕ РЕЗУЛТАТИ
ПОЧЕТНА Вести

Струмичката ликовна колонија слави голем јубилеј – 60 години од основањето, уметниците од денеска почнаа да создаваат нови дела

недела, 6 август, 2023 | 10:37
во Вести, Струмица, ТОП ВЕСТИ
Струмичката ликовна колонија слави голем јубилеј – 60 години од основањето, уметниците од денеска почнаа да создаваат нови дела

Меѓу многуте манифестации по која се препознава Струмица низ светот е и најстарата и најпозната на Балканот и поширокиот регион ликовна колонија, која се одржува секоја година во месец август во градот Струмица – Меѓународната Струмичка ликовна колонија која годинава слави голем јубилеј, 60 години постоење, а во далечната 1963 година ја создале Кочо Урдин и Љупчо Апостолов.

Но со неа и уште еден јубилеј – 30 години од основањето на Студиото за современ мозаик која во рамките на Струмичката ликовна колонија ја основа академик Газанфер Бајрам. Единствено место во Македонија каде се негува оваа најстара сликарска техника и дициплина – мозаикот, е токму на ликовната колонија во Струмица.

Од денеска па во наредните десет дена, дваесеттина уметници од Романија, Турција, Србија, Црна Гора, Бугарија и Македонија ќе создаваат нови дела, ќе го збогатат фондот од 2800 уметнички дела создадени од 1600 уметници во изминатите 59 години.

Во името на Општина Струмица, синоќа Струмичката ликовна колонија ја прогласи за отворена Александар Ненчев, член на Советот на општина Струмица, потенцирајќи дека овој јубилеј му припаѓа на секој оној кој оставил свој печат на колонијата во изминатите шест децении и на оние организатори, учесници и пријатели на колонијата од времето кога таа се одржуваше во Работничкиот Универзитет во Струмица, но и на сите кои се современици на колонијата во годините што следуваат.

Со изложба на дела создадени во изминатите 59 години беше означен почетокот на годинашното јубилејно издание на Меѓународната Струмичка ликовна колонија, а новите дела кои ќе бидат создадени до 15 август, традиционално ќе бидат претставени на изложба на 11-ти септември, денот на ослободувањето на градот Струмица.

Иако голем јубилеј, отворањето на годинашното 60-то издание на Струмичката ликовна колонија помина скромно со многу малку љубители на ликовната уметност. Освен претставникот на општината, три-четири уметници, дел од вработени во Центарот за култура и случајни минувачи кои ги затекна дождот, па влегоа и беа дел од отворањето, големиот јубилеј и не беше така голем. Но тука се гостите уметници кои ќе создадат големи дела и ќе и ги остават како трајно богатство на Струмица и оваа реномирана Струмичка ликовна колонија.

ФОТОГАЛЕРИЈА

СподелувањаTweetСподелувања
ПРЕТХОДНА ОБЈАВА

Струмичката „Брера“ го почнува првенството со „Вардар“ – прес конференција на Пандев, Алеоти и Валенти

СЛЕДНА ОБЈАВА

Во Струмица тепачка меѓу турски државјани – деветмина нападнале двајца со стаклен и метален предмет

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ципрас бил и кај Костадинов во Градското собрание
Вести

Ципрас бил и кај Костадинов во Градското собрание

понеделник, 2 октомври, 2023 | 21:33
Поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас е во Струмица кај Заев
Вести

Поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас е во Струмица кај Заев

понеделник, 2 октомври, 2023 | 16:24
Пожар во месноста Врчви на потегот меѓу селата Ангелци, Градашорци и Едрениково
Василево

Пожар во месноста Врчви на потегот меѓу селата Ангелци, Градашорци и Едрениково

понеделник, 2 октомври, 2023 | 15:39
Во четврток Концерт – „ЕХО ВО СТРУМИЦА“
Вести

Во четврток Концерт – „ЕХО ВО СТРУМИЦА“

понеделник, 2 октомври, 2023 | 10:05
Струмичанецот Зоран Јовановски успешно го заврши Скопскиот маратон поминувајќи со својата инвалидска количка 42 километри
Василево

Струмичанецот Зоран Јовановски успешно го заврши Скопскиот маратон поминувајќи со својата инвалидска количка 42 километри

недела, 1 октомври, 2023 | 22:24
Голем пожар беснее низ струмичко во атарот на селата Зубово, Колешино и Сушица
Вести

Голем пожар беснее низ струмичко во атарот на селата Зубово, Колешино и Сушица

недела, 1 октомври, 2023 | 18:33

ТОП ВЕСТИ

Поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас е во Струмица кај Заев
Струмичанецот Зоран Јовановски успешно го заврши Скопскиот маратон поминувајќи со својата инвалидска количка 42 километри
Девојките на „Наковски Волеј“ се победници на Меморијалниот турнир „Илија Караманов 2023“

ВЕБ БИЛБОРД

Се продава комплет сочуван мебел за фризерски салон Се продава комплет сочуван мебел за фризерски салон
Барам под наем канцеларија во градот Струмица Барам под наем канцеларија во градот Струмица
Фризерски салон вработува Фризерски салон вработува
„ДИТОДОРО“ Струмица вработува „ДИТОДОРО“ Струмица вработува
Приватни часови по сите предмети за ученици од I до V одделение Приватни часови по сите предмети за ученици од I до V одделение
Хотел „Парк Бачиново“ Благоевград бара сезонски работници Хотел „Парк Бачиново“ Благоевград бара сезонски работници

НАЈАВА

Во четврток Концерт – „ЕХО ВО СТРУМИЦА“
Во понеделник без струја Радичево, Владевци, Дукатино, Сушево
Филмот „Света Петка – крст во пустината“ на 5 октомври ќе се прикажува во Струмица
Изложба на 3 октомври – „Битово ехо” од Стојмен Ѓорѓиевски – Туме
Во недела во Босилово ќе се одржи првата „АЈВЕРИЈАДА“

ФЕЈСБУК статус

Фејсбук статус на Владимир Ристов: Слаба реализација на Општина Струмица на капиталните инвестиции за 2022 година

Фејсбук статус на Жан Дрвошанов: Масакар на дрвјата во централното градско подрачје

Фејсбук статус на градоначалникот Костадинов: Инспекторите на лице место затекнаа несовесни граѓани кои гореле кабел

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: info@strumicanet.com | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

НЕМА РЕЗУЛТАТ
ПРЕГЛЕДАЈ ГИ СИТЕ РЕЗУЛТАТИ
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist