За успешна и плодна година, вработените од Винарската визба на АД „Грозд“ од Струмица го прославија денешениот празник Свети Трифун, заштитникот на лозарите.
Прославата се одржа на лозовите плантажи во реонот кај винаријата на „Струмичко поле“, каде вработените, деловни партнери, пријатели и градоначалниците на Струмица и Василево, Костадин Костадинов и Славе Андонов, присуствуваа на боженствената молитва која ја отпеejа свештеници од Струмичката Епархија на МПЦ-ОА.
Речиси сите се помолија ова година да биде поуспешна, а светецот Трифун да ги штити лозовите плантажи од секави болести и елементарни непогоди од кои се очекува добар род.
Винарската визба „Струмичко поле“ на АД „Грозд“ е една од најсовремените во нашава земја, а заради квалитетот на грозјето од лозовите плантажи на ова фирма се произведуваат најквалитетите и најбараните вина во земјава и Европа, за што сведочат многуте награди што ги има освоено „Грозд“.