среда, 10 декември 2025
almak
No Result
View All Result
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
almak
Home Вести

Струмичанката Љупка Вртева „Жена инженер за 2023-та“ во Словенија

среда, 17 јануари, 2024 | 10:32
in Вести, ИЗБОР на уредникот, Струмица, ТОП ВЕСТИ
Струмичанката Љупка Вртева „Жена инженер за 2023-та“ во Словенија

Струмичани може да се гордеат со уште една своја сограѓанка во странство. Синоќа во Љубљана, Словенија Љупка Вртева е избрана за „Жена инженер за 2023-та“. Таа уште во ноември се најде на листата на 10-те најдобри жени инженерки, а на синоќешната манифестација „Inženirke in inženirji bomo“ меѓу своите колешки од различни области беше прогласена за инженерка на годината.

М-р Љупка Вртева, која по завршувањето на средното образование во Струмица, во 2011 година ги започна студиите на Машинскиот факултет при Универзитетот во Љубљана, денес е вработена како развоен инженер во областа на греење, вентилација и ладење на објекти и проектен менаџер на соларна централа во компанијата „Петрол“ во Љубљана.

Љупка е горда е на својот успех и нејзината храброст да стане инженер, а својата приказна сака да ја пренесе на сите млади девојки и да ги охрабри да ги следат своите соништа.

„Ова не е само еден настан, ова е моја животна приказна. Од полагање на поправен испит по предметот физика во средното училиште во едно нездраво општество, до првите 10 инженерки во Словенија, кои претставуваат потенцијал, пример и инспирација за младите девојки и оттука да покажат како се оди по патот кон успехот со својот труд, единственост, доследност и особеност. Благодарна сум на Словенија што го препозна мојот потенцијал и ме поддржа од самиот почеток, благодарна сум што го почитува она што го работам и знае како да ме награди. Девојки, бидете храбри и следете ги вашите соништа“, кажа во своето видео претставување на 10-те номинирани жени инженерки.

Инаку, со изборот за инженер на годината, секоја година на јавноста и се претставуваат 10-те интересни жени инженери. Луѓе кои со својата личност и работа можат да ги охрабрат, инспирираат или поттикнат младите луѓе да одлучат за инженерско студирање или кариера. Од 10 номинирани, еден ја добива наградата инженер на годината секоја година. Фокусот на изборот за инженер на годината не се инженерските достигнувања на поединецот, туку разликата или нејзиниот потенцијал да биде пример и инспирација за помладите генерации девојки како инженери.

Изборот кој се одржува од 2012 година, е на иницијатива на „Simens“ Словенија, а е во коорганизација на „Revija IRT 3000“ и компанијата „Mediade“.

ShareTweetShare
Previous Post

Личните карти чиј рок не е истечен ќе продолжат да важат и по 12 февруари

Next Post

Утре во 12 часот Светиот крст ќе биде пуштен во водите на базенот „Аквариус“

Related Posts

Среда и четврток посебен режим на сообраќај кон црквата „Св. Петнаесет“ по повод патрониот празник на Струмица
Вести

Среда и четврток посебен режим на сообраќај кон црквата „Св. Петнаесет“ по повод патрониот празник на Струмица

вторник, 9 декември, 2025 | 16:52
Приведен крадец во Струмица, украденото вратено на сопственичката
Вести

Уапсен 22-годишен жител на Струмица – физички ја нападнал сопругата

вторник, 9 декември, 2025 | 12:55
„Распеани Струмичани“ со годишен концерт на 12 декември во Центарот за култура
Вести

„Распеани Струмичани“ со годишен концерт на 12 декември во Центарот за култура

понеделник, 8 декември, 2025 | 21:08
Вечерва Струмица најзагадена со 343 мигрограми на метар кубен
Вести

Струмица ќе го одбележува патрониот празник – Денот на Светите Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици

понеделник, 8 декември, 2025 | 15:11
Годишен концерт на КУД „Браќа Минкови“ во Куклиш на 13 декември
Вести

Годишен концерт на КУД „Браќа Минкови“ во Куклиш на 13 декември

понеделник, 8 декември, 2025 | 14:07
Жена загина во тешка сообраќајна несреќа меѓу мотоцикл и автомобил кај Владевци
Вести

Тешко повреден струмичанец откако со автомобилот излетал од патот кај селото Марена, кавадаречко

понеделник, 8 декември, 2025 | 13:17

ТОП ВЕСТИ

Свечена академија: ООУ „Св. Кирил и Методиј“ од Дабиље одбележа три големи јубилеи
Актерската екипа на „Утре наутро“ во Струмица: Премиера која ја доближи приказната до публиката
Општина Струмица постави професионални прочистувачи на воздух во училиштата и градинките

ВЕБ БИЛБОРД

СЕ ИЗДАВА стан од 80м² на „Ленинова“ спроти паркот над „Риверсофт“ во Струмица СЕ ИЗДАВА стан од 80м² на „Ленинова“ спроти паркот над „Риверсофт“ во Струмица
СЕ ИЗДАВА стан од 50м² во зградата спроти Пожарната СЕ ИЗДАВА стан од 50м² во зградата спроти Пожарната
Хотел „Студио ИН“ Струмица вработува собарка Хотел „Студио ИН“ Струмица вработува собарка
Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови
Се издава наместена гарсоњера со тераса Се издава наместена гарсоњера со тераса
Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници
Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица
Поправка на сите видови фриждери, клими и комори Поправка на сите видови фриждери, клими и комори
Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар
Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници

ВЕСТИ од Македонија

Денеска се слави Свети Климент Охридски

За студентите објавен е јавниот повик за доделување ваучери во вредност од 15.300 денари за набавка на електронски уреди

Забраната за движење низ шумите продолжена до 30 септември

НАЈАВА

Во недела Свечена академија по повод трите јубилеи на ООУ „Св. Кирил и Методиј“ – Дабиле
За четврток, претседателот Никола Маџунков ја закажа третата седница на Советот на општина Струмица
На 3 декември ќе се одржат собири на граѓани за избор на членови на советите на Урбаните и Месните заедници во општина Струмица
Денеска во Струмица – Панел дискусија: „Магијата на создавање храбри, мислечки и сочувствителни личности“ на МОН
Струмица го очекува 13. Фестивал на Источно црковно пеење – сабота, 22 ноември

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist