сабота, 19 јули 2025
almak
No Result
View All Result
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
Home Вести

Струмичанката Сузана Мицева и Александар Методијев добитници на наградата за најдобра новинарска сторија што ги доделува СЕММ

вторник, 23 април, 2024 | 16:44
in Вести, Струмица
Струмичанката Сузана Мицева и Александар Методијев добитници на наградата за најдобра новинарска сторија што ги доделува СЕММ

Новинарите Сузана Мицева од Струмица и Александар Методијев за видео-сторијата „Кревките шуми“ се добитници на првата награда за најдобра новинарска сторија на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“ која ја доделува Советот за етика во медиумите на Македонија.

За потребите на ТВ емисијата со наслов „Кревките шуми“ наградените автори Александар Методијев и Сузана Мицева ги следат трагите на големи количини илегално исечени дрва, водени низ планинските превои на Јабланица од локални еко-активисти кои алармираат дека во „организиран бизнис“ неповратно страда природата во нивната околина, без интервенција од институциите што ќе ја запре илегалната сеча.

На повикот пристигнале 20 трудови од 13 новинари, а во жири комисијата учествувале, Билјана Георгиевска – директорка на СЕММ, Васко Маглешов – новинар и Кирил Сотировски, декан на факултетот за шумарски науки.

Претседателката на СЕММ, Билјана Георгиевска на доделувањето на наградите истакна дека наградата што ја доделуваат е обид и поттик овие теми да се најдат повисоко во агендата на медиумите.

„Добивме 20 трудови, тоа нѐ радува бидејќи темата е врзана со една тесна област која неправедно во другите медиуми е потисната и ретко гледаме цели емисии за животната околина, на фактите кои што сѐ уште ги немаме најчесто во нас и на дезинформациите кои го одвраќаат вниманието и спречуваат да се случи акција“, рече Георгиевска.

Шефот на Делегацијата на ЕУ во Македонија, амбасадорот Дејвид Гир, истакна дека е време за дејствување по овие теми.

Со цел да се случи тоа, јавноста мора да има пристап до веродостојни информации во однос на обемот на овие прашања, во однос на одговорноста и можните дејствувања за тоа да се намали, рече тој.

Според него, тука новинарите имаат клучна улога, со тоа што ќе ја информираат јавноста, ќе ги расветлат злоупотребите и праксите кои што се практикуваат, а притоа ќе прикажуваат и кои се добри модели за дејствување“.

СЕММ ги доделува наградите како активност во проектот „Градење доверба во медиумите на Југоисточна Европа: Поддршка на новинарството како општо добро“, поддржан од УНЕСКО и Европската Унија.

ShareTweetShare
Previous Post

Филипче: Земјоделците најмногу добиваат од членството во ЕУ

Next Post

Струмица беше домаќин на Државното првенство во ФУТСАЛ за основните училишта

Related Posts

ВИДЕО: Полициски хеликоптер во 60 налети исфрли 80 тони вода врз пожар во струмичко
Василево

ВИДЕО: Полициски хеликоптер во 60 налети исфрли 80 тони вода врз пожар во струмичко

петок, 18 јули, 2025 | 21:34
Петар Спасов ќе биде кандидат за градоначалник на општина Ново Село од СДСМ
Вести

Петар Спасов ќе биде кандидат за градоначалник на општина Ново Село од СДСМ

петок, 18 јули, 2025 | 21:03
СВР Струмица со информација за вчерашниот пожар во кој почина едно лице
Вести

СВР Струмица со информација за вчерашниот пожар во кој почина едно лице

петок, 18 јули, 2025 | 15:58
Заменик министерката за европски прашања и директорот на Платежната агенција во посета на Општина Босилово
Босилово

Заменик министерката за европски прашања и директорот на Платежната агенција во посета на Општина Босилово

петок, 18 јули, 2025 | 15:25
Во Градската Уметничка галерија поставена изложба на дела од Камелија Каламерникова – ќе можете да ги погледнете во ноќните часови до 20 јули
Вести

Во Градската Уметничка галерија поставена изложба на дела од Камелија Каламерникова – ќе можете да ги погледнете во ноќните часови до 20 јули

петок, 18 јули, 2025 | 15:03
Пожар во куќа во Ново Село
Вести

Едно лице почина во пожар кој настанал во неговиот стан во Струмица

четврток, 17 јули, 2025 | 17:49

ТОП ВЕСТИ

Едно лице почина во пожар кој настанал во неговиот стан во Струмица
Градоначалниците на општините Струмица, Василево, Босилово и Ново Село потпишаа договори со министри од Владата за реализација на проекти
Загина 33-годишен жител на Иловица – управувајќи мотор удрил во бандера

ВЕБ БИЛБОРД

Млекара ЈОКА вработува! Млекара ЈОКА вработува!
Се издава наместена гарсоњера со тераса Се издава наместена гарсоњера со тераса
Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници
Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица
Поправка на сите видови фриждери, клими и комори Поправка на сите видови фриждери, клими и комори
Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар
Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници
Се издава деловен простор – дуќан во самиот центар на Струмица Се издава деловен простор – дуќан во самиот центар на Струмица
Се изнајмува угостителски објект за прослави и презентации Се изнајмува угостителски објект за прослави и презентации
СЕ ПРОДАВА стара куќа во Струмица кај „монополот“ СЕ ПРОДАВА стара куќа во Струмица кај „монополот“

ВЕСТИ од Македонија

Онлајн закажување термин за фотографирање за лични документи

Апел до граѓаните да не отвораат линкови од СМС пораки

Од 1 јули на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила

НАЈАВА

Младата уметница од Струмица Камелија Каламерникова ќе постави изложба во Градската уметничка галерија
Во понеделник – Протестен марш за живот! Воздухот и во лето смрди, се палат депонии
На 11 и 17 јули во југоисточниот регион ќе се изврши втора ларвицидна и теристична дезинсекција
ВМРО-ДПМНЕ на плоштадот во Струмица ќе одржат трибина – на неа ќе говори и лидерот на партијата и премиер Христијан Мицкоски
На 18 јуни ќе се прска против комарци во струмичкиот регион

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist