„Пожарот кој неодамна го зафати Кочани не е само локална трагедија, тој е потсетник за тоа колку е животот непредвидлив, но и колку можеме да бидеме силни кога сме обединети“ – кажа Марија Пантева која синоќа на денот на светите браќа Кирил и Методија во ноќниот бар „Рекорд Паб“ го организираше хуманитарниот концерт со настап на познатата група „90 STRINGS“, каде се собираа донации за настраданите во трагедијата во Кочани.
„Денес нашата подадена рака значи надеж. Секоја донација, секој збор на поддршка, секој чин на солидарност — носи светлина таму каде што моментално има темнина. Да не заборавиме: денес за нив, утре можеби ние ќе бидеме оние на кои ќе им треба помош. Да бидеме таа промена што сакаме да ја видиме“ – кажа во своето обраќање Пантева, упатувајќи голема благодарност за донациите од страна на: „Bu Coffee To Go“, „Esnaf“, Општина Струмица, Демократски институт за општествени и политички анализи – Струмица и до Миле Манасиев, сопственикот на „Рекорд Паб“, кој овозможи да се реализира овој хуманитарен настан.
Поддршка од компаниите продолжува и понатаму, тие средствата како донатори може да ги уплаќат на сметката на Здружението на граѓани – Демоткраски институт за општествено и политички анализи Струмица, број: 210076461000175 во НЛБ Банка, со назнака: Донација за Кочани.