вторник, 16 септември 2025
almak
No Result
View All Result
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
Home Вести

Струмичани ја имаа привилегијата премиерно да ги слушнат и да уживаат во изведбите на новите песни од првиот албум на Иван Кукиќ

среда, 14 август, 2024 | 11:24
in Вести, Магазин, Струмица, ТОП ВЕСТИ
Струмичани ја имаа привилегијата премиерно да ги слушнат и да уживаат во изведбите на новите песни од првиот албум на Иван Кукиќ

Синоќа струмичани ја имаа привилегијата премиерно да ги слушнат и да уживаат во изведбите на новите песни од првиот албум на веќе познатиот млад кантавтор и мултиинструменталист, струмичанецот Иван Кукиќ кој со својата музика, свирење и пеење ја освојува публиката низ сите поранешни ЈУ републики.

Во рамките на „Струмица Опен фестивал 2024“ со концерт го промовираше својот прв албум „Sunday vibes“ во издание на дискографската куќа „Croatia Records“ од Хрватска, кој пред еден месец е веќе пуштен „во етер“.

Во малиот градски парк во Струмица, со свирка во живо во изведба на неговите колеги од „YU FOR YOU“, Иван ги отпеа десетте песни од овој албум, а засвири заедно и со познатиот соло гитарист од Струмица, Горан Алиќ и останатите членови на групата „Јупитер“, кои ја свират композицијата „Life of Jupiter“ во албумот на Иван.

Насловната „Sunday vibes” е со Влатко Стефановски, „Pružam ruke dve“ со Дадо Топиќ, „Music philosophy“ со Теодосии Спасов, „Zrno nade“ со Сакис Доволис и интересниот сингл „Balkan funk“ создаден со Џамбо Агушев и Јан Стефановски се композициите на кои свират и пеат овие познати имиња од естрадата во регионот.

Концертот беше и од хуманитарен карактер. Иван организираше донациски кутии на самиот простор во паркот за посетителите кои сакаат да донираат за Катерина Трајкова од Босилово на којa и е дијагностицирaно сколиоза. Операцијата е скапа, но со хуманите луѓе и нивната финансиска поддршка, Катерина ќе може да оди на операција.

ФОТОГАЛЕРИЈА

ShareTweetShare
Previous Post

73 години од убиството на 5-те струмички студенти Борис Белев, Мирко Пецев, Ѓорѓи Костуранов, Стево Топчев и Ѓорѓи Јармов

Next Post

Фроска Хаџи-Тосева нов директор на Детска градинка „Детска радост“

Related Posts

Приведено 22-годишно момче, нападнал вработена во угостителски објект и ја оштетил влезната врата
Вести

Во Струмица уапсен крадец кој украл пари од каса во продажен објект

вторник, 16 септември, 2025 | 12:53
Магазин

Точете гориво на Бензинските станици „БЕНЗОИЛ“ за 4 денари/литар поефтино од редовните цени

понеделник, 15 септември, 2025 | 15:07
Два часа прекин на електричната енергија во Индустриска зона Василево
Василево

Утре прекин на електричната енергија во Василево, Пиперево и Просениково

понеделник, 15 септември, 2025 | 13:56
И советникот Ѓорги Танушев реагираше по обвинувањата кон него од страна на претседателот на Советот, Марјан Даскаловски
Вести

Ѓорги Танушев ќе ја предводи независната советничка листа на „Стига Е“

недела, 14 септември, 2025 | 19:22
Билјана Драгичевиќ Пројковска – лауреат на 33-от ФКТ „Ристо Шишков“
Вести

Билјана Драгичевиќ Пројковска – лауреат на 33-от ФКТ „Ристо Шишков“

недела, 14 септември, 2025 | 00:46
Четири кандидати за градоначалник на општина Струмица, а седум кандидатски листи за Советот
Вести

Четири кандидати за градоначалник на општина Струмица, а седум кандидатски листи за Советот

недела, 14 септември, 2025 | 00:26

ТОП ВЕСТИ

Билјана Драгичевиќ Пројковска – лауреат на 33-от ФКТ „Ристо Шишков“
Четири кандидати за градоначалник на општина Струмица, а седум кандидатски листи за Советот
Во сообраќајка кај Костурино повредени три лица

ВЕБ БИЛБОРД

„Power up Avtoservis“ вработува автомеханичар „Power up Avtoservis“ вработува автомеханичар
Cvejo ВРАБОТУВА! Cvejo ВРАБОТУВА!
Бутик од Струмица има потреба од работничка Бутик од Струмица има потреба од работничка
Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови
МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА
Млекара ЈОКА вработува! Млекара ЈОКА вработува!
Се издава наместена гарсоњера со тераса Се издава наместена гарсоњера со тераса
Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници
Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица
Поправка на сите видови фриждери, клими и комори Поправка на сите видови фриждери, клими и комори

ВЕСТИ од Македонија

Забраната за движење низ шумите продолжена до 30 септември

Онлајн закажување термин за фотографирање за лични документи

Апел до граѓаните да не отвораат линкови од СМС пораки

НАЈАВА

Утре прекин на електричната енергија во Василево, Пиперево и Просениково
Во Струмица ќе се одржи панел дискусија на тема „Европска иднина за Југоистокот – земјоделство и улогата на заедницата“
Репертоар на 33. ФКТ „Ристо Шишков“ од 8 до 13 септември
На 3-ти септември хуманитарен концерт за помош на малата Тијана
Пазарот во Ново Село наместо во четврток ќе биде отворен во среда

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist