вторник, 9 декември 2025
almak
No Result
View All Result
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
almak
Home Вести

Струмичани ја имаа најубавата торта полна со градинарски производи

недела, 22 октомври, 2023 | 11:03
in Вести, Струмица, ТОП ВЕСТИ
Струмичани ја имаа најубавата торта полна со градинарски производи

Торта полна со чушки, френки, праз, кромид, боранија, грашок, феферонки, компир, патлиџан, фасуљ, тиква, габи, кикирики беше избрана за најубава на годинашната „Тортијада“, што се одржа синоќа во „Вила Парк“ во Струмица, а во организација на Здружението на лица со телесен инвалидитет „Мобилност“ од Струмица.

Осум торти подготвени од домаќинки членови на здруженијата „Мобилност“ од Скопје, Тетово, Прилеп, Кочани, Штип, Радовиш, Гевгелија и домаќините Струмица учествуваа на оваа манифестација која по 24-ти пат се одржува во Струмица.

Второто место жири комисијата во состав Николина Георгиева и Илинка Тодорова ја доделија на тортата што ја подготвија членови на „Мобилност“ од Прилеп, а трето место за тортата на „Мобилност“ од Гевгелија.

Заменичката на градоначалникот Елена Магеровска Паликарова, отворајќи ја манифестацијата кажа дека иако „Тортијадата“ има натпреварувачки карактер, многу поважно од се е негувањето на традицијата, дружењето и продлабочувањето на пријателствата.

„А што се однесува до наградите, верувајте ми на зборот, сите сте победници, а апсолутен победник е самата манифестација, 24-та „Тортијада 2023“, која успешно опстојува безмалку четвртина век, а ќе опстојува уште многу, многу години. Честитајќи им уште еднаш на организаторите и посакувајќи им успех на натпреварувачите, ве уверувам дека, како и до сега, така и во иднина, поддршката од градоначалникот и Општина Струмица никогаш нема да изостане“ – кажа Магеровска Паликарова.

На манифестацијата „Тортијада 2023“ освен што беа презентирани торти направени од лица со телесен инвалидитет имаше и културно забавна содржина. Настапија „Распеани Струмичани“ и ансамблот „Фолклорна низа“, а за целосната забава се погрижија Таки и Анела.

Лицата со телесен инвалидитет потврдувајќи ги своите слаткарски вештини, преку оваа манифестација упатија заедничка порака дека и тие можат и умеат, како и останатите членови на заедницата.

ФОТОГАЛЕРИЈА

ShareTweetShare
Previous Post

Струмичкиот плоштад полн со земјоделски производи – се одржа „АГРО САЕМ СТРУМИЦА 2023“

Next Post

Мирисот на печениот костен пак се почуствува под падините на Беласица кај Смолари

Related Posts

„Распеани Струмичани“ со годишен концерт на 12 декември во Центарот за култура
Вести

„Распеани Струмичани“ со годишен концерт на 12 декември во Центарот за култура

понеделник, 8 декември, 2025 | 21:08
Вечерва Струмица најзагадена со 343 мигрограми на метар кубен
Вести

Струмица ќе го одбележува патрониот празник – Денот на Светите Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици

понеделник, 8 декември, 2025 | 15:11
Годишен концерт на КУД „Браќа Минкови“ во Куклиш на 13 декември
Вести

Годишен концерт на КУД „Браќа Минкови“ во Куклиш на 13 декември

понеделник, 8 декември, 2025 | 14:07
Жена загина во тешка сообраќајна несреќа меѓу мотоцикл и автомобил кај Владевци
Вести

Тешко повреден струмичанец откако со автомобилот излетал од патот кај селото Марена, кавадаречко

понеделник, 8 декември, 2025 | 13:17
На булеварот „Гоце Делчев“ во Струмица се пукало со огнено оружје – кој пукал?
Вести

Маж од Банско физички ја нападнал сопругата, со која со месеци не живееле заедно

понеделник, 8 декември, 2025 | 11:49
Свечена академија: ООУ „Св. Кирил и Методиј“ од Дабиље одбележа три големи јубилеи
Вести

Свечена академија: ООУ „Св. Кирил и Методиј“ од Дабиље одбележа три големи јубилеи

понеделник, 8 декември, 2025 | 08:21

ТОП ВЕСТИ

Свечена академија: ООУ „Св. Кирил и Методиј“ од Дабиље одбележа три големи јубилеи
Актерската екипа на „Утре наутро“ во Струмица: Премиера која ја доближи приказната до публиката
Општина Струмица постави професионални прочистувачи на воздух во училиштата и градинките

ВЕБ БИЛБОРД

СЕ ИЗДАВА стан од 80м² на „Ленинова“ спроти паркот над „Риверсофт“ во Струмица СЕ ИЗДАВА стан од 80м² на „Ленинова“ спроти паркот над „Риверсофт“ во Струмица
СЕ ИЗДАВА стан од 50м² во зградата спроти Пожарната СЕ ИЗДАВА стан од 50м² во зградата спроти Пожарната
Хотел „Студио ИН“ Струмица вработува собарка Хотел „Студио ИН“ Струмица вработува собарка
Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови
Се издава наместена гарсоњера со тераса Се издава наместена гарсоњера со тераса
Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници
Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица
Поправка на сите видови фриждери, клими и комори Поправка на сите видови фриждери, клими и комори
Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар
Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници

ВЕСТИ од Македонија

Денеска се слави Свети Климент Охридски

За студентите објавен е јавниот повик за доделување ваучери во вредност од 15.300 денари за набавка на електронски уреди

Забраната за движење низ шумите продолжена до 30 септември

НАЈАВА

Во недела Свечена академија по повод трите јубилеи на ООУ „Св. Кирил и Методиј“ – Дабиле
За четврток, претседателот Никола Маџунков ја закажа третата седница на Советот на општина Струмица
На 3 декември ќе се одржат собири на граѓани за избор на членови на советите на Урбаните и Месните заедници во општина Струмица
Денеска во Струмица – Панел дискусија: „Магијата на создавање храбри, мислечки и сочувствителни личности“ на МОН
Струмица го очекува 13. Фестивал на Источно црковно пеење – сабота, 22 ноември

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist