среда, 26 ноември 2025
almak
No Result
View All Result
almak
almak
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
almak
almak
almak
Home Вести

Струмичани уживаа во италијанската песна под големиот јавор

четврток, 31 август, 2023 | 10:17
in Вести, Струмица
Струмичани уживаа во италијанската песна под големиот јавор

Синоќа во организација на Здружението за промоција на италијанскиот јазик и култура „Quo Vadis Ad Astra“ од Струмица, а со поддршка на „Струмица Опен фестивал“, како дел од оваа манифестација се одржа Италијанска вечер.

Под големиот јавор во малиот градски парк, во прекрасен амбиент создаден од организаторите, со вкусни италијански слатки подготвени од учениците од угостителската струка при СОУ „Димитар Влахов“, изведбата на италијанска поезија со Мариета Дикиќ, Сузана Мицева и Ана Витанова Рингачева, и романтичниот глас на Павле Камилоски со прекрасната интерпретација на италијански песни, на кој му се придружи и детското хорче од музичкото училиште „Боро Џони“, уживаа струмичани, но и гостите кои дојдоа од италијанската амбасада предводени од амбасадорот Андреа Силвестри. Тука беше и интернационалната ѕвезда, струмичанецот Горан Пандев, кој долги години играше во најпознатите италијански фудбалски клубови. Беше и Викарниот Епископ Стобиски г.Јаков, пратеници, биснисмени, претставници од невладини организации.

Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов кажа дека е горд што токму Струмица е домаќин на оваа манифестација во годината во која се одбележува 30-годишнина од воспоставувањето дипломатски односи меѓу двете земји. Амбасадорот на Италија, Андреа Силвестри и додели орден Витез од редот „Ѕвезда на Италија“ од претседателот на Република Италија на Дафина Иванова Пандева, организаторка на многу настани поврзани со Италија, а за посебни заслуги за афирмација на италијанската култура во Македонија.

ФОТОГАЛЕРИЈА

ВИДЕО >>>

ShareTweetShare
Previous Post

Во Струмица започна да се гради затворен базен

Next Post

Во Струмица отворен Центар за дневен престој на лица со попреченост со вклучен индивидуален третман и услуга

Related Posts

Здравствениот дом во Струмица спроведе дводневна еколошка акција: засадени 70 садници и уредени зелените површини
Вести

Здравствениот дом во Струмица спроведе дводневна еколошка акција: засадени 70 садници и уредени зелените површини

среда, 26 ноември, 2025 | 10:27
Струмица ја осветли општинската зграда во портокалово – почеток на кампањата „16 дена активизам против насилство врз жените и девојчињата“
Вести

Струмица ја осветли општинската зграда во портокалово – почеток на кампањата „16 дена активизам против насилство врз жените и девојчињата“

вторник, 25 ноември, 2025 | 22:09
Васка Кирова именувана за директорка на Библиотеката „Благој Јанков Мучето“ во Струмица
Вести

Васка Кирова именувана за директорка на Библиотеката „Благој Јанков Мучето“ во Струмица

вторник, 25 ноември, 2025 | 19:56
„Комуналец“ апелира за трпение поради отежнато собирање на комуналниот отпад
Вести

„Комуналец“ апелира за трпение поради отежнато собирање на комуналниот отпад

вторник, 25 ноември, 2025 | 14:57
Пепи Велков со убедлива победа на стартот на Светското првенство во кикбокс во Абу Даби
Вести

Пепи Велков со убедлива победа на стартот на Светското првенство во кикбокс во Абу Даби

понеделник, 24 ноември, 2025 | 18:01
Во Струмица се одржа 13-от Фестивал на Источно црковно пеење – вечер исполнета со духовност и традиција
Вести

Во Струмица се одржа 13-от Фестивал на Источно црковно пеење – вечер исполнета со духовност и традиција

сабота, 22 ноември, 2025 | 21:05

ТОП ВЕСТИ

Струмица ја осветли општинската зграда во портокалово – почеток на кампањата „16 дена активизам против насилство врз жените и девојчињата“
Васка Кирова именувана за директорка на Библиотеката „Благој Јанков Мучето“ во Струмица
Пепи Велков со убедлива победа на стартот на Светското првенство во кикбокс во Абу Даби

ВЕБ БИЛБОРД

МЛЕКАРА ЈОКА вработува работник во производствен погон МЛЕКАРА ЈОКА вработува работник во производствен погон
МЛЕКАРА ЈОКА вработува откупувач на суровина (млеко) за реон Струмица МЛЕКАРА ЈОКА вработува откупувач на суровина (млеко) за реон Струмица
СЕ ИЗДАВА стан од 80м² на „Ленинова“ спроти паркот над „Риверсофт“ во Струмица СЕ ИЗДАВА стан од 80м² на „Ленинова“ спроти паркот над „Риверсофт“ во Струмица
СЕ ИЗДАВА стан од 50м² во зградата спроти Пожарната СЕ ИЗДАВА стан од 50м² во зградата спроти Пожарната
Хотел „Студио ИН“ Струмица вработува собарка Хотел „Студио ИН“ Струмица вработува собарка
„Power up Avtoservis“ вработува автомеханичар „Power up Avtoservis“ вработува автомеханичар
Cvejo ВРАБОТУВА! Cvejo ВРАБОТУВА!
Бутик од Струмица има потреба од работничка Бутик од Струмица има потреба од работничка
Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови
МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА

ВЕСТИ од Македонија

За студентите објавен е јавниот повик за доделување ваучери во вредност од 15.300 денари за набавка на електронски уреди

Забраната за движење низ шумите продолжена до 30 септември

Онлајн закажување термин за фотографирање за лични документи

НАЈАВА

Струмица го очекува 13. Фестивал на Источно црковно пеење – сабота, 22 ноември
MOVEMBER во Струмица: Едукативна трибина за машкото здравје на 20 ноември
Втора седница на новиот состав на Советот на општина Струмица
На 29 ноември ќе се одржи 9-тата манифестација „Убави сме, свои сме“
Хуманитарен натпревар „Срце за Нина“ во организација на гимназијата „Јане Сандански“ – Струмица

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist