сабота, 19 јули 2025
almak
No Result
View All Result
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
Home Вести

Струмичани се простија од Џочето – момчето кое секогаш беше во ритамот на музиката тропајќи на тапаните, и на маса, и на колената

четврток, 20 март, 2025 | 15:53
in Вести, Струмица, ТОП ВЕСТИ
Струмичани се простија од Џочето – момчето кое секогаш беше во ритамот на музиката тропајќи на тапаните, и на маса, и на колената

Со минута молк, со аплауз, со пеење на песната „За сваку добра реч – хвала“, вработените во Основното музичко училиште „Боро Џони“ од Струмица се простија од свој млад колега Џоко Ѓоргиев, кој трагично загина во страотниот пожар во Кочани, како тапанар на бендот на ДНК.

На Комеморативната седница која се одржа во концертната сала на ова училиште, директорката Клара Патарова говорејќи за Џочето кажа дека тој секој ден не пречекуваше тропајќи и со нога и со раце, ту на коленото, ту на масата.

„Ритамот на песните излегуваа од тебе во секој миг и кога зборуваше и кога јадеше и кога ги извршуваше работните задачи. Ти заслужуваш за тебе да сме силни и да го чуваме твојот спомен со гласно говорење, но и да го продолжиме твојот пат низ славење на музиката и афирмација на тапанот, она што беше ти“ – кажа директорката Патарова.

Таа подвлече дека Џоко како и секогаш така и сега успеал на едно место да собере голем број луѓе, бидејќи беше златно дете кое со своето чукање во тапаните ги освојуваше срцата.

„Надвор од оваа просторија има уште стотици, илјадници луѓе со истото чувство, дека загубиле дел од себе, некој свој оти кој тебе не те сакаше златно дете. Како и досега ти умееш да ги сплотиш луѓето и токму со твојата се присутна енергија што ја ширеше, сега црпиме сила да го прифатиме она што не може да се промени“ – кажа Патарова.

25-годишниот Џоко Ѓоргиев важеше за дете кое ја сакаше сцената и тапаните и немаше музички настан или манифестација во Струмица без негов музички преформанс како што беше и за време на „Коцертот под маски“ на музичкото училиште за време на Струмичкиот карневал.

По Комеморативната седница на ОМУ „Боро Џони“ на која присуствуваше и неговото семејство, во 12:00 часот во Градската капела во Струмица беа изложени посмртните останки на Џоко Ѓоргиев, каде голем број струмичани, роднини, колеги, пријатели за последен пат се простија од него. Во 15:00 часот беше испратен во вечниот дом на Градските гробишта во Струмица. Погребното опело го изврши викарниот Епископ Стобиски, заедно со свештенството и монаштвото на Струмичката православна епархија.

ShareTweetShare
Previous Post

Од СВР Струмица апелираат до граѓаните денеска од 12 до 16 часот да избегнуваат движење со возила во правец на Градските гробишта

Next Post

Утре прекин на електричната енергија во Добрашинци, Градашорци, Турија, Висока Маала и Нова Маала

Related Posts

ВИДЕО: Полициски хеликоптер во 60 налети исфрли 80 тони вода врз пожар во струмичко
Василево

ВИДЕО: Полициски хеликоптер во 60 налети исфрли 80 тони вода врз пожар во струмичко

петок, 18 јули, 2025 | 21:34
Петар Спасов ќе биде кандидат за градоначалник на општина Ново Село од СДСМ
Вести

Петар Спасов ќе биде кандидат за градоначалник на општина Ново Село од СДСМ

петок, 18 јули, 2025 | 21:03
СВР Струмица со информација за вчерашниот пожар во кој почина едно лице
Вести

СВР Струмица со информација за вчерашниот пожар во кој почина едно лице

петок, 18 јули, 2025 | 15:58
Заменик министерката за европски прашања и директорот на Платежната агенција во посета на Општина Босилово
Босилово

Заменик министерката за европски прашања и директорот на Платежната агенција во посета на Општина Босилово

петок, 18 јули, 2025 | 15:25
Во Градската Уметничка галерија поставена изложба на дела од Камелија Каламерникова – ќе можете да ги погледнете во ноќните часови до 20 јули
Вести

Во Градската Уметничка галерија поставена изложба на дела од Камелија Каламерникова – ќе можете да ги погледнете во ноќните часови до 20 јули

петок, 18 јули, 2025 | 15:03
Пожар во куќа во Ново Село
Вести

Едно лице почина во пожар кој настанал во неговиот стан во Струмица

четврток, 17 јули, 2025 | 17:49

ТОП ВЕСТИ

Едно лице почина во пожар кој настанал во неговиот стан во Струмица
Градоначалниците на општините Струмица, Василево, Босилово и Ново Село потпишаа договори со министри од Владата за реализација на проекти
Загина 33-годишен жител на Иловица – управувајќи мотор удрил во бандера

ВЕБ БИЛБОРД

Млекара ЈОКА вработува! Млекара ЈОКА вработува!
Се издава наместена гарсоњера со тераса Се издава наместена гарсоњера со тераса
Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници
Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица
Поправка на сите видови фриждери, клими и комори Поправка на сите видови фриждери, клими и комори
Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар
Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници
Се издава деловен простор – дуќан во самиот центар на Струмица Се издава деловен простор – дуќан во самиот центар на Струмица
Се изнајмува угостителски објект за прослави и презентации Се изнајмува угостителски објект за прослави и презентации
СЕ ПРОДАВА стара куќа во Струмица кај „монополот“ СЕ ПРОДАВА стара куќа во Струмица кај „монополот“

ВЕСТИ од Македонија

Онлајн закажување термин за фотографирање за лични документи

Апел до граѓаните да не отвораат линкови од СМС пораки

Од 1 јули на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила

НАЈАВА

Младата уметница од Струмица Камелија Каламерникова ќе постави изложба во Градската уметничка галерија
Во понеделник – Протестен марш за живот! Воздухот и во лето смрди, се палат депонии
На 11 и 17 јули во југоисточниот регион ќе се изврши втора ларвицидна и теристична дезинсекција
ВМРО-ДПМНЕ на плоштадот во Струмица ќе одржат трибина – на неа ќе говори и лидерот на партијата и премиер Христијан Мицкоски
На 18 јуни ќе се прска против комарци во струмичкиот регион

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist