Струмичанец завчера се здобил со тешки телесни повреди откако во него удрил автомобил.
„На 09.08.2023 година во 10:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул. „Благоја Стефковски“ во Скопје патничко возило „хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, управувано од К.Ј.(58) од Скопје, удрило во М.К.(52) од Струмица“, информира МВР.
Како што соопшти МВР, во незгодата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.