Вчера во 11:00 часот полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Н.Ј.(34) од Струмица затоа што со остар предмет се заканувал на полициски службеници кои вршеле службени дејствија. Лицето било приведено во Полициска станица, по што било спроведено во здравствена установа. По документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок, информираат од струмичката полиција.