Вчера попладне околу 16:00 часот на улицата „Нов булевар Гевгелија“ во Гевгелија, И.К.(76) од Струмица, управувајќи патничко возило „Опел“ со струмички регистарски ознаки, изгубил контрола и со возилото удрил во паркиран автобус „Волво“ со гевгелиски регистарски ознаки. И.К. починал на местото на настанот, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Гевгелија.
Увид на местото на несреќата извршиле јавен обвинител од Основно Јавно обвинителство Гевгелија и екипа на ОВР Гевгелија. По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.