четврток, 15 мај 2025
almak
No Result
View All Result
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
Home Вести

Струмичанецот Павле Витанов во недела во финалето на „Никогаш не е доцна“ ќе се бори за победа

петок, 30 јуни, 2023 | 11:37
in Вести, Магазин, Струмица
Струмичанецот Павле Витанов во недела во финалето на „Никогаш не е доцна“ ќе се бори за победа

Во недела е финалето од балканското ТВ шоу на „Гранд“ продукцијата – „Никогаш не е доцна“, во кое познатиот музичар Павле Витанов од Струмица со своите настапи и интерпретации во изминатите девет месеци успеа да дојде во оваа големо финале.

12 финалисти ветерани ќе пеат за освојување на три награди. Награда од стручното жири, награда од публиката со СМС гласање и награда од Фејсбук корисниците по пат на гласање преку оваа социјална мрежа.

Павле веќе се подготвува за големото финале. Ќе настапи како 6-ти од 12-те величествени. Не ни открива која песна ќе ја пее, но ќе била македонска новосоздадена песна, веќе обнародена која сите ја сакаат и со уживање ја слушаат во секоја прилика.

Павле и се заблагодарува на публиката, посебно оние од Македонија кои гласаа и му дадоа можност да дојде до големото финале кое можете да го следите во живо во недела од 21:00 часот на ТВ Сител и да гласате за реден број 6.

Инаку, во изминатите осум сезони на оваа балканско ТВ шоу, Струмица и Македонија имаа двајца победници, струмичани, Горан Кукиќ во првата сезона во 2016-та година како победник на публиката од регионот по пат на СМС гласови и Ленче Кукиќ во 2019 година со двојна победа, од стручното жири и Фејсбук гласачите.

Во уште едно слично вакво натпреварувачко ТВ шоу на „Гранд“, популарното „Ѕвездите на Гранд“, Струмица и Македонија имаа уште еден победник. Минатата сабота, 21-годишната струмичанка Славица Ангелова стана апсолутен победник за 2023 година, освојувајќи над 88.000 гласови од Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Македонија. Се гласаше само преку СМС пораки.

Останува во недела да го следиме и настапот на Павле Витанов и да гласаме за него, да биде победник на „Никогаш не е доцна“ за 2023 година. Публиката може да гласа преку СМС порака и преку социјалната мрежа Фејсбук, а жирито ќе си го каже својот глас на самиот крај.

ShareTweetShare
Previous Post

Во Индустриска зона „Север“ 6 часа прекин на електричната енергија – најавуваат од ЕВН

Next Post

Резултати од истражувањето „Потребите на младите на локално ниво“ во општина Струмица

Related Posts

„Комуналец“ во Раборци постави нова пумпа за вода со поголема моќност
Вести

„Комуналец“ во Раборци постави нова пумпа за вода со поголема моќност

вторник, 13 мај, 2025 | 11:36
Во Струмица ќе се отвора „Ротари клуб“ како дел од светската мрежа и ќе се собираат донации за набавка медицинска опрема за Педијатрија во струмичката болница
Вести

Во Струмица ќе се отвора „Ротари клуб“ како дел од светската мрежа и ќе се собираат донации за набавка медицинска опрема за Педијатрија во струмичката болница

вторник, 13 мај, 2025 | 10:04
МВР: Во Копаница пронајден пиштол кој потекнува од кражба извршена во домот на убиената М.Б. во Струмица од страна на нејзиниот роднина П.И.
Вести

На Кванташки пазар автомобил удрил во пешак

понеделник, 12 мај, 2025 | 17:22
Изгоре викендица во Раборци
Вести

Изгоре викендица во Раборци

понеделник, 12 мај, 2025 | 13:02
Децата на Карате клубот „Шихан“ од Струмица освоија 11 медали на Светското првенство во фудокан карате
Вести

Децата на Карате клубот „Шихан“ од Струмица освоија 11 медали на Светското првенство во фудокан карате

понеделник, 12 мај, 2025 | 08:43
Струмичанецот Златко Пасков е светски шампион во кршење даски
Вести

Струмичанецот Златко Пасков е светски шампион во кршење даски

недела, 11 мај, 2025 | 22:34

ТОП ВЕСТИ

Децата на Карате клубот „Шихан“ од Струмица освоија 11 медали на Светското првенство во фудокан карате
Струмичанецот Златко Пасков е светски шампион во кршење даски
Во Струмица се одржа 53-от Државен тракторски натпревар – најдобри домаќините од средното училиште „Димитар Влахов“

ВЕБ БИЛБОРД

Поправка на сите видови фриждери, клими и комори Поправка на сите видови фриждери, клими и комори
Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар
Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници
Се издава деловен простор – дуќан во самиот центар на Струмица Се издава деловен простор – дуќан во самиот центар на Струмица
Се изнајмува угостителски објект за прослави и презентации Се изнајмува угостителски објект за прослави и презентации
СЕ ПРОДАВА стара куќа во Струмица кај „монополот“ СЕ ПРОДАВА стара куќа во Струмица кај „монополот“
СЕ ПРОДАВА деловен простор во Струмица – „мало стопанство“ СЕ ПРОДАВА деловен простор во Струмица – „мало стопанство“
Во Стар Дојран СЕ ПРОДАВА вселива куќа со 2 апартмани Во Стар Дојран СЕ ПРОДАВА вселива куќа со 2 апартмани

ВЕСТИ од Македонија

Успешно завршен на проектот „Комуникациски вештини за иднината“ финансиран од програмата Еразмус+

Eпископот Стојанов ги извести сите католички парохии и монашки заедници во Македонија по повод упокојувањето на папата

Почина папата Франциск

НАЈАВА

На 22 мај ќе биде промовирана книгата „Раскази од Пирго – монографски приказ на општина Ново Село“
Вечерва сите на плоштадот – играорци од 7 држави ќе заиграт за струмичани
Концерт на Божана Гошева на виолина и Весна Ангелова Христов на пијано во Центарот за култура во Струмица
Струмичкиот театар подготвува нова претстава „Деца на светот“ – премиерата на 15 мај
Ќе се возобнови фестивалот за млади музички таленти „Смотра – Златен глас“ во Сушица

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist