сабота, 19 јули 2025
almak
No Result
View All Result
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
Home Вести

Струмичанецот Никола Маџиров и американската џез композиторка и пејачка Бека Стивенс го отворија поетскиот салон на Фестивалот на светската литература и уметност во Њујорк

вторник, 22 април, 2025 | 07:49
in Вести, Струмица, ТОП ВЕСТИ
Струмичанецот Никола Маџиров и американската џез композиторка и пејачка Бека Стивенс го отворија поетскиот салон на Фестивалот на светската литература и уметност во Њујорк

Со поетско читање на македонски и англиски јазик во преполнетата сала, дел од Њујоршката јавна библиотека (New York Public Library) во Њујорк, Никола Маџиров го отвори Светскиот поетски салон во рамките на Фестивалот на светската литература и уметност (World Literature and Arts Festival), кој се одржува од 14-ти до 30-ти април во салите на Њујоршката јавна библиотека.

На сцената пред публиката, Никола Маџиров настапи заедно со американската џез композиторка, пејачка и мултиинструменталистка Бека Стивенс, двапати номинирана за музичката награда Греми и редовна соработничка на современиот музички гениј Џејкоб Колиер — шесткратен добитник на Греми, на американскиот џез состав „Снарки Папи“ — добитници на пет Греми награди, како и на рок-легендата Дејвид Крозби — членот и основач на „Крозби, Стилс, Неш & Јанг“. Бека Стивенс, заедно со лидерот на „Снарки Папи“ — Мајк Лиг, веќе компонираа песна според стиховите од песната „Окото“ (The Eye) на Никола Маџиров, која таа ја исполни на отворањето на Поетскиот салон во Њујорк, а истата вечер премиерно ја изведе и нејзината нова композиција „Ние немаме сон“ (We Have No Sleep), според истоимената песна на Маџиров. Оваа композиција ќе се најде на еден од следните албуми на Бека Стивенс.

По заедничкиот поетско-музички перформанс, следуваше разговор на Маџиров со аргентинскиот поет-полиглот, универзитетски професор и преведувач на Песоа и Пизарник — Патрицио Ферари. Настанот беше во организација на „Њујорк Паблик Лајбрери“ и „Лајмлајт Поетри“ од Њујорк.

Според стиховите на Маџиров веќе имаат компонирано американската композиторка и добитничка на Пулицеровата награда за современа опера — Дујун, американскиот авангарден џез композитор и соработник на Бјорк и Лу Рид — Оливер Лејк, македонскиот пијанист и џез композитор — Гордан Спасовски, како и композитори на џез, опера и класична музика од Германија, Италија, Литванија, Естонија.

ShareTweetShare
Previous Post

Eпископот Стојанов ги извести сите католички парохии и монашки заедници во Македонија по повод упокојувањето на папата

Next Post

Општините Струмица и Кочани потпишаа Меморандум за соработка

Related Posts

ВИДЕО: Полициски хеликоптер во 60 налети исфрли 80 тони вода врз пожар во струмичко
Василево

ВИДЕО: Полициски хеликоптер во 60 налети исфрли 80 тони вода врз пожар во струмичко

петок, 18 јули, 2025 | 21:34
Петар Спасов ќе биде кандидат за градоначалник на општина Ново Село од СДСМ
Вести

Петар Спасов ќе биде кандидат за градоначалник на општина Ново Село од СДСМ

петок, 18 јули, 2025 | 21:03
СВР Струмица со информација за вчерашниот пожар во кој почина едно лице
Вести

СВР Струмица со информација за вчерашниот пожар во кој почина едно лице

петок, 18 јули, 2025 | 15:58
Заменик министерката за европски прашања и директорот на Платежната агенција во посета на Општина Босилово
Босилово

Заменик министерката за европски прашања и директорот на Платежната агенција во посета на Општина Босилово

петок, 18 јули, 2025 | 15:25
Во Градската Уметничка галерија поставена изложба на дела од Камелија Каламерникова – ќе можете да ги погледнете во ноќните часови до 20 јули
Вести

Во Градската Уметничка галерија поставена изложба на дела од Камелија Каламерникова – ќе можете да ги погледнете во ноќните часови до 20 јули

петок, 18 јули, 2025 | 15:03
Пожар во куќа во Ново Село
Вести

Едно лице почина во пожар кој настанал во неговиот стан во Струмица

четврток, 17 јули, 2025 | 17:49

ТОП ВЕСТИ

Едно лице почина во пожар кој настанал во неговиот стан во Струмица
Градоначалниците на општините Струмица, Василево, Босилово и Ново Село потпишаа договори со министри од Владата за реализација на проекти
Загина 33-годишен жител на Иловица – управувајќи мотор удрил во бандера

ВЕБ БИЛБОРД

Млекара ЈОКА вработува! Млекара ЈОКА вработува!
Се издава наместена гарсоњера со тераса Се издава наместена гарсоњера со тераса
Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници
Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица
Поправка на сите видови фриждери, клими и комори Поправка на сите видови фриждери, клими и комори
Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар
Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници
Се издава деловен простор – дуќан во самиот центар на Струмица Се издава деловен простор – дуќан во самиот центар на Струмица
Се изнајмува угостителски објект за прослави и презентации Се изнајмува угостителски објект за прослави и презентации
СЕ ПРОДАВА стара куќа во Струмица кај „монополот“ СЕ ПРОДАВА стара куќа во Струмица кај „монополот“

ВЕСТИ од Македонија

Онлајн закажување термин за фотографирање за лични документи

Апел до граѓаните да не отвораат линкови од СМС пораки

Од 1 јули на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила

НАЈАВА

Младата уметница од Струмица Камелија Каламерникова ќе постави изложба во Градската уметничка галерија
Во понеделник – Протестен марш за живот! Воздухот и во лето смрди, се палат депонии
На 11 и 17 јули во југоисточниот регион ќе се изврши втора ларвицидна и теристична дезинсекција
ВМРО-ДПМНЕ на плоштадот во Струмица ќе одржат трибина – на неа ќе говори и лидерот на партијата и премиер Христијан Мицкоски
На 18 јуни ќе се прска против комарци во струмичкиот регион

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist