Недела, 2 Април 2023
almak
НЕМА РЕЗУЛТАТ
ПРЕГЛЕДАЈ ГИ СИТЕ РЕЗУЛТАТИ
Radio StrumicaNet
НЕМА РЕЗУЛТАТ
ПРЕГЛЕДАЈ ГИ СИТЕ РЕЗУЛТАТИ
ПОЧЕТНА Вести

Струмица ја има најубавата и најголемата Детска градинка во Македонија – премиерот Ковачевски им го даде клучот на децата

Среда, 9 Ноември, 2022 | 13:53
во Вести, Струмица

Во Струмица од денеска и официјално, после 40 години е отворена нова, најубава и најголема Детска градинка во државата – „Виножито“, која е изградена во новата населба на просторот од некогашната касарна на ЈНА.
Новата градинка „Виножито“ е со капацитет за околу 300 деца од предучилишна возраст, распоредени во 14 групи и три јаслени групи. Изградена е во рамките на Проектот за подобрување на социјалните услуги кој го спроведува Министерството за труд и социјална политика со финансиска поддршка на Светска банка, а свое учество во изградбата имаше и Општина Струмица.
Покрај тоа што со градинката се решава долгогодишниот проблем со сместувачки капацитети во предучилишното образование во градот и околината, новиот објект обезбедува современи просторни услови за престој на децата прилагодени на нивната возраст и на образовниот метод за учење преку игра. Таа претставува еколошки објект и во градбата се имплементирани највисоки стандарди за енергетска ефикасност. Со сите овие современи инсталации значајно се намалуваат редовните трошоците за работа на градинката и се влијае врз намалувањето на емисиите на јаглерод диоксид во воздухот, а изграден е и систем на соларни панели. Целата инвестиција чинеше околу 126 милиони денари, односно над 2 милиони евра.
На отворањето на градинката присуствуваа и премиерот Димитар Ковачевски, министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска, домаќинот, струмичкиот градоначалник Костадин Костадинов и претставникот на Канцеларијата на Светска банка во Македонија, Бојана Нацева.
Клучот од вратата на главниот влез на градинката „Виножито“, премиерот Ковачевски им го предаде на децата, а тие му посакаа добредојде со струмички чурек и локум. Нему и на сите гости кои присуствуваа на отворањето во прекрасно адаптираниот простори за приредби им подготвија неколку музичко-сценски изведби.
ФОТОГАЛЕРИЈА

СподелувањаTweetСподелувања
ПРЕТХОДНА ОБЈАВА

На булеварот „Маршал Тито“ прегазен 38-годишен маж, се здобил со тешки телесни повреди

СЛЕДНА ОБЈАВА

Премиерот Ковачевски при денешниот престој во Струмица посети и два капитални објекти во изградба

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Двајца струмичани Ацо Ѓоргиев и Ристо Филчевски најдобри афористичари на „АФКО 2023“ во Кочани
Вести

Двајца струмичани Ацо Ѓоргиев и Ристо Филчевски најдобри афористичари на „АФКО 2023“ во Кочани

Сабота, 1 Април, 2023 | 21:33
Вести

Уапсена 21-годишна струмичанка – со употреба на сила врз малолетничка овозможила да биде извршена обљуба од двајца малолетници

Сабота, 1 Април, 2023 | 18:41
Утре дел од Старо Добрејци без струја од 10 до 15 часот
Вести

Во вторник прекин на електричната енергија во Индустриска зона „Север“ – еве кои фирми 3,5 часа ќе се без електрична енергија

Сабота, 1 Април, 2023 | 09:33
Трчаме со Николчо од Струмица до Дојран
Вести

Трчаме со Николчо од Струмица до Дојран

Петок, 31 Март, 2023 | 20:46
Излезе од печат најновото дело на струмичанецот Иван Котев – „Наведé се с’нце да зајде“
Вести

На 7 април Иван Котев ќе ја промовира книгата „Наведе́ се с’нце да зајде“

Петок, 31 Март, 2023 | 18:33
Во прекин водоводниот систем кон селото Моноспитово
Босилово

Во прекин водоводниот систем кон селото Моноспитово

Петок, 31 Март, 2023 | 16:53

ТОП ВЕСТИ

Голем успех во Хрватска на учениците – готвачи од струмичкото училиште „Димитар Влахов
Струмица ќе собира искуства од Љубљана за градскиот транспорт, третманот на бездомните животни, но и за рециклирањето на отпадот
„Струмица Никоб“ го освои пехарот во македонскиот одбојкарски Куп

ВЕБ БИЛБОРД

Се издава деловен простор на плоштадот во Струмица Се издава деловен простор на плоштадот во Струмица
Хотел „Парк Бачиново“ Благоевград бара сезонски работници Хотел „Парк Бачиново“ Благоевград бара сезонски работници
Фирма за производство на мебел бара работници Фирма за производство на мебел бара работници
„БЕНЗОИЛ“ вработува „БЕНЗОИЛ“ вработува
„Престиж“ бара фризер, физиотерапефт, како и девојка што има желба да го изучува занаетот „Престиж“ бара фризер, физиотерапефт, како и девојка што има желба да го изучува занаетот
Нова фирма бара работник за нов Салон за продажба на мотори во Струмица Нова фирма бара работник за нов Салон за продажба на мотори во Струмица
„ПЕЕМ ЕДЕЛВАЈС“ Струмица вработува продавачка „ПЕЕМ ЕДЕЛВАЈС“ Струмица вработува продавачка

ВЕСТИ од Македонија

УХМР: Утре попладне нестабилно, во понеделник влажен студен бран

Од денеска почна исплатата на пензиите за месец март зголемени за 8,4%

Минималната плата поголема за 12%, сега изнесува 20.175 денари

НАЈАВА

Во вторник прекин на електричната енергија во Индустриска зона „Север“ – еве кои фирми 3,5 часа ќе се без електрична енергија
На роденденот на Антон Панов ќе биде промовирана неговата книга „Мисли и размислувања“
Трчаме со Николчо од Струмица до Дојран
На 7 април Иван Котев ќе ја промовира книгата „Наведе́ се с’нце да зајде“
Претстава „Циркус Пирандело“

ФЕЈСБУК статус

Фејсбук статус на Владимир Ристов: Слаба реализација на Општина Струмица на капиталните инвестиции за 2022 година

Фејсбук статус на Жан Дрвошанов: Масакар на дрвјата во централното градско подрачје

Фејсбук статус на градоначалникот Костадинов: Инспекторите на лице место затекнаа несовесни граѓани кои гореле кабел

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: info@strumicanet.com | Создадена од: ArkaHost

НЕМА РЕЗУЛТАТ
ПРЕГЛЕДАЈ ГИ СИТЕ РЕЗУЛТАТИ
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist