понеделник, 30 јуни 2025
almak
No Result
View All Result
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
Home Вести

Струмица стана членка на Мрежата на силни градови во светот

среда, 27 септември, 2023 | 12:39
in Вести, Струмица, ТОП ВЕСТИ

Општина Струмица и официјално стана членка на Мрежата на силни градови во светот. Во своето видеообраќање на Фејсбук, градоначалникот на општина Струмица, Костадин Костадинов кажа дека e горд што успешното работење на Општина Струмица и справувањето со негативните последици во севкупното живеење е препознаено и на меѓународно ниво од реномирана меѓународна организација.

„Преку локалниот Совет за превенција и сите тамошни партнери: СВР Струмица, УЈП – Секторот за инспекциски работи и локалните инспекции дадоа огромен придонес во овој голем успех на нашата Струмица. Справувањето со предизвиците и нивната превенција ќе продолжи до крајот на мојот мандат. Нека ни е со среќа уште едно меѓународно признание“ – кажа Костадинов.       

Во известувањето на Мрежата на силни градови се наведува дека Струмица им се придружува на повеќе од 210 градови и општини низ светот, посветени на застапување, спроведување и споделување на локални пристапи за справување со сите форми на екстремизам, поларизација кои можат да доведат до насилство.

Со признанието како членка на Мрежата на силни градови во светот, што го добива Општина Струмица се отвора можноста за поголема соработка со светски метрополи, но и добивање конкретна поддршка за решавање на одредени проблеми.

Ова признание доаѓа откако Костадинов беше дел од Регионалниот хаб на Мрежата за западен Балкан организиран од Стејт департментот на САД, каде ги презентираше конкретните примери на решавање на проблемите преку Локалниот совет за превенција на Струмица чиј модел беше преземан од повеќе општини од Црна Гора.

Инаку, Струмица го има најфункционалниот Совет за превенција каде граѓани во соработка со локални и национални институции ги детектираат проблемите при што нудат решенија како да се надминат. Во решавањето се вклучени сите чинители при што ја следат и имплементацијата. На тој начин во Струмица се реши проблемот со уличната трговија, проблемот со уличните кучиња, насилството, препродавачите на девизи но и други проблеми.

ShareTweetShare
Previous Post

Пет години од смртта на фудбалската легенда Благој Истатов

Next Post

Шефот на Мониторинг одделот при мисијата на ОБСЕ на средба со струмичкиот градоначалник Костадинов

Related Posts

Во полициска акција кај автобуската во Струмица фатени тројца луѓе со дрога – судир на повеќе возила на раскрсницата
Вести

Во полициска акција кај автобуската во Струмица фатени тројца луѓе со дрога – судир на повеќе возила на раскрсницата

понеделник, 30 јуни, 2025 | 20:04
Новата струмичка болница наскоро ќе биде пуштена во употреба – кабелот до трафостаницата е поврзан
Вести

Новата струмичка болница наскоро ќе биде пуштена во употреба – кабелот до трафостаницата е поврзан

понеделник, 30 јуни, 2025 | 15:23
Претрес во струмичко, пронајдена марихуана кај 18-годишно момче
Вести

Претрес во струмичко, пронајдена марихуана кај 18-годишно момче

понеделник, 30 јуни, 2025 | 13:26
Гореше голема површина со сува трева, папрат и дрвја над селото Габрово
Вести

Викендот струмичките пожарникарии интервенирале на седум локации – најмногу кај запалени депонии

понеделник, 30 јуни, 2025 | 11:19
Земјотрес со јачина од 2.2 степени е регистриран кај Струмица
Вести

Утрово почуствуван земјотрес во струмичко со јачина од 3.5 степени

недела, 29 јуни, 2025 | 06:27
165-годишната историја на училиштето во струмичко Робово овековечена во нова книга на Иван Котев
Босилово

165-годишната историја на училиштето во струмичко Робово овековечена во нова книга на Иван Котев

петок, 27 јуни, 2025 | 17:21

ТОП ВЕСТИ

Во полициска акција кај автобуската во Струмица фатени тројца луѓе со дрога – судир на повеќе возила на раскрсницата
Од 1 јули се воведува забрана за движење во шумите
Копачките на познатиот фудбалер Роберто Баџо, тркачкиот велосипед „Пинарело“ на показ пред струмичани во Градската галерија

ВЕБ БИЛБОРД

Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници
Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица
Поправка на сите видови фриждери, клими и комори Поправка на сите видови фриждери, клими и комори
Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар
Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници
Се издава деловен простор – дуќан во самиот центар на Струмица Се издава деловен простор – дуќан во самиот центар на Струмица
Се изнајмува угостителски објект за прослави и презентации Се изнајмува угостителски објект за прослави и презентации
СЕ ПРОДАВА стара куќа во Струмица кај „монополот“ СЕ ПРОДАВА стара куќа во Струмица кај „монополот“
СЕ ПРОДАВА деловен простор во Струмица – „мало стопанство“ СЕ ПРОДАВА деловен простор во Струмица – „мало стопанство“
Во Стар Дојран СЕ ПРОДАВА вселива куќа со 2 апартмани Во Стар Дојран СЕ ПРОДАВА вселива куќа со 2 апартмани

ВЕСТИ од Македонија

Успешно завршен на проектот „Комуникациски вештини за иднината“ финансиран од програмата Еразмус+

Eпископот Стојанов ги извести сите католички парохии и монашки заедници во Македонија по повод упокојувањето на папата

Почина папата Франциск

НАЈАВА

На 18 јуни ќе се прска против комарци во струмичкиот регион
Во Струмица ќе се одржи Панел дискусија за иницијативата на добивање статус „родител-негувател“ на родителите на лице со попреченост
Во Струмица на 13 и 14 јуни PopUp Базар – четврто издание
На 9-ти јуни во Струмица – Хуманитарен настан за настраданите во Кочани
Стартува 4-то издание на маѓународниот фестивал на класична музика „Струмица 2025“

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist