четврток, 13 ноември 2025
almak
No Result
View All Result
almak
almak
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
almak
almak
almak
Home Вести

Струмица пулсираше во ритамот на најдобрите светски забави – Бидна уште едно издание на Струмичкиот карневал

недела, 26 февруари, 2023 | 08:56
in Вести, Струмица, ТОП ВЕСТИ
Струмица пулсираше во ритамот на најдобрите светски забави – Бидна уште едно издание на Струмичкиот карневал

Струмица синоќа пулсираше во ритамот на најдобрите светски забави. Бидна уште едно издание на познатиот европски карневалски бренд наречен „Струмички карневал“. Околу 1200 маскирани лица создадоа 40-тина маски со кои продефилираа низ струмичките улици, а уште многу повеќе неофицијални низ секое мало и големо сокаче, низ струмичкото корзо, во угостителски објекти…

Струмица синоќа беше под маска, струмичани празнуваа, ги угостија добронамерниците дојдени од сите краишта на Македонија, од Србија, Црна Гора, Хрватска, Босна, Грција, Бугарија, Шведска, Германија, Холандија, Италија, Словенија, Турција. Убавина од маски насекаде низ градот. Три и пол часа дефиле низ центарот, карневалистите ги покажаа своите креации кои со месеци ги создаваа. Сите имаа и своја порака.

Имаше курназ баби, глуварчиња, свемирски брод, часовници, струмичка корида, бабачки парчиња од торта, рударчиња, китки, принцези, далматинци, Волшебникот од ОЗ, имаше многу љубов, многу музика која со играта на карневалџиите имаше волшебен сјај. Но нешто фалеше, го немаше раскошот од огромни прекрасни маски кои го привлекуваа вниманието на публиката. Само „Струма“ со „копнежот“ ја задржаа годинава таа грандиозност на својата маска.

Публиката тука, како и секогаш со внимание ги следеа сите карневалски настапи. И политичари дојдоа да го следат карневалот, и од Влада, имаше и амбасадори, градоначалници, спонзори и пријатели на карневалот. На Струмичкиот карневал беше и комплетниот Борд на Федерацијата на Европските карневалски градови на чело со претседателот Ларс Алгел од Шведска.

Карневалското празнување за струмичани продолжува и денеска со Детскиот карневал во 11:00 часот, утре со Чист понеделник, а во вторник организаторите ќе се обидат да потсетат на карневалот во вторник, вечерта пред Тримери, со Карневалско корзо и доделување награди на најдобрите маски, а со Тримерскиот обичај во среда ќе заврши годинашното издание на Струмичкиот карневал.

ФОТОГАЛЕРИЈА

ShareTweetShare
Previous Post

Уште една победа на „Струмица Никоб“ – 3:0 над тетовска „Лирија“

Next Post

ФОТО: Рано на сабајле „комуналци“ го исчистија карневалското ѓубре од плоштадот

Related Posts

Советот на општина Струмица ги усвои развојните програми за 2026 и кварталниот буџетски извештај, а направи и ребаланс на тековниот буџет
Вести

Советот на општина Струмица ги усвои развојните програми за 2026 и кварталниот буџетски извештај, а направи и ребаланс на тековниот буџет

четврток, 13 ноември, 2025 | 15:57
Втора седница на новиот состав на Советот на општина Струмица
Вести

Втора седница на новиот состав на Советот на општина Струмица

среда, 12 ноември, 2025 | 15:23
Министерот Перински во посета на Струмица – поддршка за поефикасно локално управување
Вести

Министерот Перински во посета на Струмица – поддршка за поефикасно локално управување

среда, 12 ноември, 2025 | 13:47
„Комуналец“ започна акција за мапирање и чистење на мини дивите депонии во Струмица
Вести

„Комуналец“ започна акција за мапирање и чистење на мини дивите депонии во Струмица

вторник, 11 ноември, 2025 | 14:11
На 29 ноември ќе се одржи 9-тата манифестација „Убави сме, свои сме“
Вести

На 29 ноември ќе се одржи 9-тата манифестација „Убави сме, свои сме“

понеделник, 10 ноември, 2025 | 20:46
ЈПКД „Комуналец“ ја реализираше есенската викенд акција за почисти улици и апелира до граѓаните за повисока совесност
Вести

ЈПКД „Комуналец“ ја реализираше есенската викенд акција за почисти улици и апелира до граѓаните за повисока совесност

понеделник, 10 ноември, 2025 | 13:42

ТОП ВЕСТИ

Министерот Перински во посета на Струмица – поддршка за поефикасно локално управување
Кристина Зимбакова – единствената македонска уметница на Светското биенале за хартиена уметност во Шангај
Д-р Тони Балџиев од струмичката болница беше дел од обуките на престижниот IRCAD тренинг центар во Стразбург

ВЕБ БИЛБОРД

МЛЕКАРА ЈОКА вработува работник во производствен погон МЛЕКАРА ЈОКА вработува работник во производствен погон
МЛЕКАРА ЈОКА вработува откупувач на суровина (млеко) за реон Струмица МЛЕКАРА ЈОКА вработува откупувач на суровина (млеко) за реон Струмица
СЕ ИЗДАВА стан од 80м² на „Ленинова“ спроти паркот над „Риверсофт“ во Струмица СЕ ИЗДАВА стан од 80м² на „Ленинова“ спроти паркот над „Риверсофт“ во Струмица
СЕ ИЗДАВА стан од 50м² во зградата спроти Пожарната СЕ ИЗДАВА стан од 50м² во зградата спроти Пожарната
Хотел „Студио ИН“ Струмица вработува собарка Хотел „Студио ИН“ Струмица вработува собарка
„Power up Avtoservis“ вработува автомеханичар „Power up Avtoservis“ вработува автомеханичар
Cvejo ВРАБОТУВА! Cvejo ВРАБОТУВА!
Бутик од Струмица има потреба од работничка Бутик од Струмица има потреба од работничка
Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови
МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА

ВЕСТИ од Македонија

Забраната за движење низ шумите продолжена до 30 септември

Онлајн закажување термин за фотографирање за лични документи

Апел до граѓаните да не отвораат линкови од СМС пораки

НАЈАВА

Втора седница на новиот состав на Советот на општина Струмица
На 29 ноември ќе се одржи 9-тата манифестација „Убави сме, свои сме“
Хуманитарен натпревар „Срце за Нина“ во организација на гимназијата „Јане Сандански“ – Струмица
Концерт „Музички патишта: Од средновековна Европа до Медитеранот“ во Струмица
Хуманитарен „Концерт на добрината – За Нина“ во организација на „Елеуса Фондација“

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist