По пет години пауза, односно од финалето во 2018 година, завршницата на Купот на Македонија повторно ќе се игра во Струмица.
Финалето на 31. издание од Купот на Македонија е закажано за 20 мај на стадионот „Благој Истатов“ во Струмица. Ќе се сретнат екипите на „Струга Трим Љум“ и бранителот „Македонија ЃП“. Ова е одлуката на Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија која реши битката за трофејот да ја пресели надвор од Скопје, односно во Струмица.
Само за потсетување, „лавовите“ од Ѓорче Петров го бранат трофејот во ова натпреварување, додека пак за лидерот во Првата македонска фудбалска лига ова е прво историско финале во Купот.
Инаку, ова е четврто финале што ќе се игра во Струмица, во 2002-ра помеѓу „Победа“ и „Цементарница“ (3:1), во 2017-та помеѓу „Пелистер“ и „Шкендија“ (4:3) и во 2018-та година играа повторно „Пелистер“ и „Шкендија“ (0:3).