Финалето конечно доби вистински резултатски тек, но неизвесноста на вториот финален натпревар не попречи одбојкарите на „Струмица Никоб“ да се доближат на чекор до 10-та шампионска титула во македонската машка одбојка.
Бранителот на ланската двојна круна триумфираше со 3:1 (25:19, 21:25, 25:20, 27:25) на теренот на ГОК „Борец“ и поведе со 2-0 во завршната серија во првенството.
Следниот натпревар е во среда во Спортската сала „Парк“ во Стримица.