Од неодамна Центарот за култура „Антон Панов“ Струмица формира уште една музичка група – Октет кој ќе го носи името на градот „Струмица“.
Осуммината вокали веќе се подготвуваат за првиот настап, ќе бидат промовирани на свечената седница на Советот на општина Струмица по повод патрониот празник на градот Светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици, а ќе ја изведат познатата струмичка староградска песна „Под кулите на Струмица“.
Слободан Ѓошиќ кој раководи со овој Октет, вели дека интензивно се одржуваат пробите во Центарот за култура, се вежбат обработки на македонски староградски песни.