Во организација на спортската федерација на слепи лица викендот во спортската сала „Партизан“ во Струмица се одржа Купот на Македонија во Голбал за 2023 година на кое во завршницата се натпреваруваа екипите на Здруженијата на слепи лица од Скопје, Битола, Прилеп и Кавадарци, а домаќин им беше Здружението на слепи лица од Струмица. Победник на Купот е екипата на Здружението на слепи лица од Битола. Натпреварите поминаа во одличен тимски дух и пријателска атмосфера.