четврток, 15 мај 2025
almak
No Result
View All Result
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
Home Вести

Стојан Велков Трн: Слушам, гледам и се чудам

петок, 31 јануари, 2025 | 14:51
in Вести, Струмица
Стојан Велков Трн: Слушам, гледам и се чудам

Фејсбук статус на еко активистот Стојан Велков Трн во пресрет на утрешниот протестен марш низ улиците на Струмица „Забрането дишење“, закажан за во 11:00 часот од пред Домот на АРМ во Струмица.

„Во последниве неколку години, како некој нов вид политички тренд и стратегија, функционерите против кои протестираме затоа што не работат правилно и совесно, на изненадување на сите се појавуваат на протестите. За многу луѓе е несоодветно, политичари или високи функционери сами да се повикуваат и да одат на протести, што всушност се испровоцирани од нивното застрането работење на јавната функција за која се гласани. Нивното значи дека и тие се незадоволни од својата работа, па дошле да изразат незадоволство против самите!? Се прашувам, зошто не си организираат протест сами против себе?!

Лично мислам дека тоа е апсурд, бессрамност и безобразие! Смислена стратегија во која има обиди за омекнување, подривање и кршење на јадрото на оние кои имаат потреба да протестираат. Евтини обиди да се добијат политички поени!

Овие луѓе, шансата за промена ја имаат секојдневно во своите раце преку својата позиција и функција. Протестите се организираат за да ги разбудат и потсетат властите и институциите да почнат да си ја вршат својата работа најефективно што може и да ги испорачаат ветените резултати. Протестите се директно потсетување од луѓето дека водачите скршнале од патот и дека нема да отстапат од своите барања.

Од друга страна пак, во изминативе неколку дена имаше реакции од луѓе кои реагираат на изјавите на политичките партии и функционери дека ќе присуствуваат на протестот. И тие се прашуваат дали е тоа здраворазумно и правилно, што можам да го разберам.

Но, тоа што не можам да го разберам се исказите на луѓето дека заради таквите потези на властите, тие немало да се појават на протестот! А тоа, за мене, е уште поголем апсурд и од оној на функционерите „протестирачи“!

Зошто?

Затоа што такви „политички“ трикови не можат да ве скренат од вистинската цел. Доколку се колебате, тогаш тие ја постигнале целта, а тоа е вашето неприсуство на протестите, креирање сомнежи за самиот протест, креирање разноразни чаршиски муабети кои имаат цел да го деградираат и разорат бунтот итн. И сето тоа има за цел да ве расколеба и да направи да се посомневате во вашата лична одлука активно да реагирате кон неправдите што се случуваат. А во тој момент значи да ве откажат од борбата за чист воздух за нас и нашите поколенија!

Се прашувам, зарем толку малку треба некој да го скрене скрене човека од патот?

Јас, како дел од организацијата на протестот, сакам да ве потсетам дека протестот утре е против загадениот воздух. На протестот можеби ќе дојдат и оние кои не се политичари, а со своите постапки го загадуваат воздухот. Ние, како организација, немаме ниту желба, ниту намера да преиспитуваме кој и од какви причини доаѓа. Ниту пак сме во координација со било која политичка партија или структура.

Ова е автентичен и силен револт на луѓето против загадувачите на воздухот и корумпираните политичари кои не превеземаат ништо во врска со решавањето на проблемот. И затоа, доколку политичарите се дрзнуваат да се впуштат во вакви игри, ќе ги повикаме и нив, ако толку сакаат да дојдат нека да дојдат, градоначалници, пратеници, министри итн. Но, како и досега, нема да дозволиме никој од нив да добие никаква шанса ниту да зборува на протестот, ниту да си прави политички маркетинг, туку како и со досегашните искуства ќе ги натераме директно да се соочат со оние кои полека, но сигурно умираме од отровниот воздух што го дишеме!

Загадениот воздух постои и само автентичен отпор ќе придонесе за решавање на проблемот!

Затоа, излези на протест и не калкулирај, за нашето и за здравјето на нашите деца се работи“ – напиша Стојан Велков Трн.

ShareTweetShare
Previous Post

Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица ги повикуваат младите утре да излезат на закажаниот протестен марш за аерозагадувањето во Струмица

Next Post

Ја имаат власта за да го решат проблемот, ама излегоа со народот и протестираат за чист воздух!

Related Posts

„Комуналец“ во Раборци постави нова пумпа за вода со поголема моќност
Вести

„Комуналец“ во Раборци постави нова пумпа за вода со поголема моќност

вторник, 13 мај, 2025 | 11:36
Во Струмица ќе се отвора „Ротари клуб“ како дел од светската мрежа и ќе се собираат донации за набавка медицинска опрема за Педијатрија во струмичката болница
Вести

Во Струмица ќе се отвора „Ротари клуб“ како дел од светската мрежа и ќе се собираат донации за набавка медицинска опрема за Педијатрија во струмичката болница

вторник, 13 мај, 2025 | 10:04
МВР: Во Копаница пронајден пиштол кој потекнува од кражба извршена во домот на убиената М.Б. во Струмица од страна на нејзиниот роднина П.И.
Вести

На Кванташки пазар автомобил удрил во пешак

понеделник, 12 мај, 2025 | 17:22
Изгоре викендица во Раборци
Вести

Изгоре викендица во Раборци

понеделник, 12 мај, 2025 | 13:02
Децата на Карате клубот „Шихан“ од Струмица освоија 11 медали на Светското првенство во фудокан карате
Вести

Децата на Карате клубот „Шихан“ од Струмица освоија 11 медали на Светското првенство во фудокан карате

понеделник, 12 мај, 2025 | 08:43
Струмичанецот Златко Пасков е светски шампион во кршење даски
Вести

Струмичанецот Златко Пасков е светски шампион во кршење даски

недела, 11 мај, 2025 | 22:34

ТОП ВЕСТИ

Децата на Карате клубот „Шихан“ од Струмица освоија 11 медали на Светското првенство во фудокан карате
Струмичанецот Златко Пасков е светски шампион во кршење даски
Во Струмица се одржа 53-от Државен тракторски натпревар – најдобри домаќините од средното училиште „Димитар Влахов“

ВЕБ БИЛБОРД

Поправка на сите видови фриждери, клими и комори Поправка на сите видови фриждери, клими и комори
Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар
Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници
Се издава деловен простор – дуќан во самиот центар на Струмица Се издава деловен простор – дуќан во самиот центар на Струмица
Се изнајмува угостителски објект за прослави и презентации Се изнајмува угостителски објект за прослави и презентации
СЕ ПРОДАВА стара куќа во Струмица кај „монополот“ СЕ ПРОДАВА стара куќа во Струмица кај „монополот“
СЕ ПРОДАВА деловен простор во Струмица – „мало стопанство“ СЕ ПРОДАВА деловен простор во Струмица – „мало стопанство“
Во Стар Дојран СЕ ПРОДАВА вселива куќа со 2 апартмани Во Стар Дојран СЕ ПРОДАВА вселива куќа со 2 апартмани

ВЕСТИ од Македонија

Успешно завршен на проектот „Комуникациски вештини за иднината“ финансиран од програмата Еразмус+

Eпископот Стојанов ги извести сите католички парохии и монашки заедници во Македонија по повод упокојувањето на папата

Почина папата Франциск

НАЈАВА

На 22 мај ќе биде промовирана книгата „Раскази од Пирго – монографски приказ на општина Ново Село“
Вечерва сите на плоштадот – играорци од 7 држави ќе заиграт за струмичани
Концерт на Божана Гошева на виолина и Весна Ангелова Христов на пијано во Центарот за култура во Струмица
Струмичкиот театар подготвува нова претстава „Деца на светот“ – премиерата на 15 мај
Ќе се возобнови фестивалот за млади музички таленти „Смотра – Златен глас“ во Сушица

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist