среда, 29 октомври 2025
almak
No Result
View All Result
almak
almak
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
almak
almak
almak
Home Вести

Стево Пендаровски имаше средби со жители на Ново Село, Босилово и Василево

сабота, 20 април, 2024 | 18:57
in Вести, ИЗБОРИ 2024

Претседателскиот кандидат на СДСМ и Коалицијата, Стево Пендаровски попладнево имаше средби со жители од струмичкиот регион, односно во Ново Село, Босилово и Василево.

„Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не направија ништо за државата кога беше потребно за европската иднина на Македонија. Опозицијата беше главната кочница и ги блокираше своите сограѓани и земја. Нека не ве лажат сега дека со нив подобро ќе живеете, нема иднина со тие луѓе, видовте што правеа кога беа на власт. Сите важни стратешки цели досега ги постигнавме ние. Сеат лаги за наводни навреди, а истите тие не сопреа од навредувања. Како што лажат за договорите кои ги постигнавме, така лажат и за сѐ друго, не им верувајте ништо“, изјави денеска кандидатот за претседател, Стево Пендаровски на средби со граѓаните во Ново Село.

Пендаровски пред жителите на Босилово порача дека е важно веќе во среда, на 24 април да се излезе масовно на изборите и да се заокружи бројот еден.

„Да не заборавите, уште во првиот круг ќе се види колку се за демократска, европска и просперитетна Македонија, а кои се за режим. Затоа е многу важно уште на 24 април да им покажеме дека има голем број на граѓани кои ја сакаат европска Македонија“, кажа Пендаровски.

Кандидатот за претседател Пендаровски порача дека само бројот еден е гаранција за продолжување на патот кон полноправно членство, а се друго е враќање назад во неизвеснот, поделби и изолација.

Зборувајќи пред граѓаните на Василево, Пендаровски потенцираше дека Македонија веќе е горда на постигнатото, а со Христијан Мицкоски и Гордана Силјановска Давкова државата ќе се врати назад во мрачното минато и единаесетгодишниот режим, затоа што како што кажа тој, во ВМРО-ДПМНЕ нема никаква промена.

„Дали ако дојдат на власт ќе се однесуваат поинаку? Не, никако. Александар Николоски е до Груевски кога даваат наредба за 27 април, Мицкоски исто на 27-ми влегува во парламент и наместо да се извинат тие сега најавуваат амнестија за тој упад. Не треба да им дадете власт“, рече Пендаровски.

Пендаровски повика на силна мобилизација и гласање за бројот 1 на 24 април во првиот круг на Претседателските избори.

„Не оставајте работите да ги решаваме на 8 мај треба на 24 април да им покажеме дека мнозинството наши граѓани не сака да се враќа во мрачните времиња. Немаме луксуз како држава да се враќаме назад и 20 години да чекаме, затоа што сите млади ќе се иселат, а нема држава која може економски да просперира ако нема млади. Ако добиеме доверба со оваа полотичка структура ние за 4 години ќе одиме напред, ќе одиме кон полноправно членство во ЕУ“, порача Пендаровски во Василево.

ShareTweetShare
Previous Post

Филипче од Струмица: Ќе внесеме нова економска енергија за европски раст и стандард на граѓаните и бизнис секторот

Next Post

Пендаровски од Струмица: Во среда да се излезе масовно на изборите и да се заокружи бројот 1

Related Posts

Маж со пушка им се заканувал на две жени во Струмица
Вести

Приведени двајца млади момчиња, кај нив во автомобилот е пронајдена марихуана

вторник, 28 октомври, 2025 | 11:26
Петар Јанков ја презеде функцијата градоначалник на општина Струмица
Вести

Петар Јанков ја презеде функцијата градоначалник на општина Струмица

понеделник, 27 октомври, 2025 | 14:26
Дел од новите членови на Советот на општина Струмица ги примија уверенијата – во среда првата конститутивна седница
Вести

Дел од новите членови на Советот на општина Струмица ги примија уверенијата – во среда првата конститутивна седница

понеделник, 27 октомври, 2025 | 11:47
Петар Јанков го доби уверението од ОИК – од денеска и официјално е градоначалник на Струмица
Вести

Петар Јанков го доби уверението од ОИК – од денеска и официјално е градоначалник на Струмица

понеделник, 27 октомври, 2025 | 10:27
Во Струмица се одржа Едукативна работилница за предностите на доењето
Вести

Во Струмица се одржа Едукативна работилница за предностите на доењето

недела, 26 октомври, 2025 | 17:18
Младите струмичани од претставата „Стјуардеси“ настапија на меѓународен театарски фестивал во Србија
Вести

Младите струмичани од претставата „Стјуардеси“ настапија на меѓународен театарски фестивал во Србија

четврток, 23 октомври, 2025 | 20:44

ТОП ВЕСТИ

Петар Јанков ја презеде функцијата градоначалник на општина Струмица
Дел од новите членови на Советот на општина Струмица ги примија уверенијата – во среда првата конститутивна седница
Петар Јанков го доби уверението од ОИК – од денеска и официјално е градоначалник на Струмица

ВЕБ БИЛБОРД

МЛЕКАРА ЈОКА вработува работник во производствен погон МЛЕКАРА ЈОКА вработува работник во производствен погон
МЛЕКАРА ЈОКА вработува откупувач на суровина (млеко) за реон Струмица МЛЕКАРА ЈОКА вработува откупувач на суровина (млеко) за реон Струмица
СЕ ИЗДАВА стан од 80м² на „Ленинова“ спроти паркот над „Риверсофт“ во Струмица СЕ ИЗДАВА стан од 80м² на „Ленинова“ спроти паркот над „Риверсофт“ во Струмица
СЕ ИЗДАВА стан од 50м² во зградата спроти Пожарната СЕ ИЗДАВА стан од 50м² во зградата спроти Пожарната
Хотел „Студио ИН“ Струмица вработува собарка Хотел „Студио ИН“ Струмица вработува собарка
„Power up Avtoservis“ вработува автомеханичар „Power up Avtoservis“ вработува автомеханичар
Cvejo ВРАБОТУВА! Cvejo ВРАБОТУВА!
Бутик од Струмица има потреба од работничка Бутик од Струмица има потреба од работничка
Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови
МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА

ВЕСТИ од Македонија

Забраната за движење низ шумите продолжена до 30 септември

Онлајн закажување термин за фотографирање за лични документи

Апел до граѓаните да не отвораат линкови од СМС пораки

НАЈАВА

Во сабота на струмичкиот плоштад ќе се одржи 5-от „АГРО САЕМ СТРУМИЦА 2025“
Во Скопје вечерва ќе биде отворена изложба на фотографии од Ристо Шишков
Тактичко-показна вежба – симулација на пожар и земјотрес во училиштето „Никола Карев“
Граѓанска трибина на тема: „МОЗОЧНИ УДАРИ – ризик фактори, симптоми, дијагностика и превенција“
„Здравјето на прво место – фармацевтите во служба на заедницата“ – ПЗУ аптека „ЕЛИКСИР“ организира настан

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist